Ѝ здодеа обичната маска: Анастасија Ражнатовиќ порача специјална, а еве што пишува на неа
Она што го пишува на маската, Анастасија го има и на маската на мобилниот телефон...
На Анастасија Ражнатовиќ ѝ здодеа да носи обични маски што им се достапни на сите, па порача да ѝ се изработи посебна маска која ќе изгледа убаво и на себе ќе ги има нејзините иницијали.
Како што изгледа на видеото кое го објави, маската е сива по боја, а со бели букви од едната страна пишува АР.
Да потсетиме, тоа не е единственото нешто на што Анастасија ги стави своите иницијали.
Имено, таа има исто таква маска на телефонот, додека нејзиниот брат Вељко своите и иницијалите на својата сопруга Богдана ги има на постелнината, во спалната соба во Тител.