Иако се „повлече“, Ед настапува на приватни забави: Колку треба да му платиш за тоа?

Иако се „повлече“, Ед настапува на приватни забави: Колку треба да му платиш за тоа?

Објавена во: Stars // Музика

Познатиот британски готвач Гордон Рамсеј ја изненади својата ќерка на прославата за 18 - от роденден. Имено, тој го повикал Ед Ширан да пее на забавата. Иако пејачот најави дека оди на одмор од музиката, на ваквите понуди и понатаму се согласува.

Кога се слави 18 - от роденден, треба да се има забава како никогаш досега. До ова правило се држеше и Гордон Рамсеј кога ја организираше прославата за роденденот на својата ќерка. Парите не играле никаква улога, се било дозволено, а тој организирал приватен концерт на Ед Ширан. Иако се повлече на кратко од музичката сцена, сепак се согласува да пее на приватни забави. Славеничката останала во втор план кога на ссцената се појавил Ед Ширал и отпеал 5 од неговите песни, а на репертоарот била и роденденска песна „Среќен роденден“.

Она што ги интересираше е колку чини едно вакво гостување? Можеш и ти да го повикаш Ед да пее на твојот роденден, но за тоа ќе ти бидат потребни половина милион фунти.

На овој настап, Ед ја покажа и својата нова фризура. Како ти се допаѓа?

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: