Јутјуберот IB Production: Никогаш не ја премолчувајте неправдата!

Јутјуберот IB Production: Никогаш не ја премолчувајте неправдата!

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Храбриот битолски јутјубер без влакна на јазикот - Бобан Бошевски а.к.а. IB Production одвои време и ни раскажа како се запознале со Иво, што пее додека се тушира и која позната личност би сакал да ја сретне. Тој е еден од ретките што во своите видеа јавно проговори за неправдите што ги имал на училиште и токму затоа дава совети за сите оние кои можеби се наоѓаат во слична ситуација како неговата...

#  Имаш само 15 години, а броиш скоро 30 000 сапскрајбери. Како се справуваш со толкава одговорност?

- Јутубот e дел од мојот живот веќе 3 години и со текот на времето се навикнав. Сепак, не е ни малку лесно.

IB Production со фанови.

# Како започна твoјата YouTube приказна?

- Мојот другар Иво ми предложи да снимаме видеа. Во тој почетен период снимав на англиски, но сакав да ја забавувам македонската публика. Откако ја добив таа идеја да снимам на македонски, цел мој живот се промени. Од тогаш па до сега има скоро 3 години.

# Дали уште мислиш на Маја?

- Тоа да остане тајна :)

# А на Марија?

- ...

#  Со кој од останатите Јутјубери најмногу се дружиш?

- Јас сум од Битола па затоа ми е малку тешко да се дружам со јутуберите, затоа што поголемиот дел се во Скопје, но штом имам прилика или имаме заеднички проект одам во Скопје. Повремено се случува и некој јутјубер да тркне до Битола. Со битолските јутјубери почесто се среќавам.

#  Браво за храброста да ги објавиш приказните за училишните неправди. Што би им препорачал на нашите читатели доколку некој од нив се соочува со истите проблеми?

- Никогаш немојте да молчите ако се случува нешто такво. Таквите случувања не треба да се кријат под тепих. Јас сум од ретките што проговорија јавно и за тоа добив позитивен feedback од училиштето. Некои луѓе треба да знаат дека не можат да прават сѐ што ќе им падне на памет.

#  Објавувањето на интернет има и позитивни и негативни коментари, како се справуваш со негативните?

- Ако коментарот е на место -  го прифакам. Тоа ми помага да се подобрувам во иднина.

#  Како се запознавте со Иво?

- Се запознавме пред зграда затоа што во тој период живеевме многу блиску.

#  Кои се твои омилени Јутјубери во светски рамки и имаш ли контакт со некој од нив?

- Гледам да се задржам на македонската YouTube сцена. Сакам повеќе да поддржувам нешто наше.

#  Кое е твое најгледано видео?




#  Најлуд коментар што си го добил од некој обожавател?

- Секој коментар што го добивам е од луд - полуд.

Најкористен хаштаг?

#ytmkdshow

# Омилена песна?

- Мoonlight од XXXTENTACION

#  Што пееш додека се тушираш?

- Химната.

# Позната личност што би сакал да ја запознаеш?

- Сергеј.



# Кој ти е омилен цртан од детството?

- Tom and Jerry, а од Scooby Doo ме носеа на бајачка.

# Што не сакаш да јадеш?

- Каша, а и многу други работи.

#  Што би правел ако немаш Интернет?

- Ќе се јавам да прашам зошто немам интернет.

# Омилен супер херој?

- Немам.

# Место кое најмногу сакаш да го посетиш?

- Будва.

# Најголем страв?

- Како мал имав страв од машината за перење алишта кога беше уклучена.

# Неостварена желба?

- Да бидам во филм.


Photo credits: Петар Тутунџиев

Следете го IB на инстаграм: ib.production

Сапскрајбнете му се на Јутјуб: IB Production


Кике Цветче

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: