Идеални за Денот на вљубените: 7 тин филмови од Нетфликс кои треба да ги изгледаш овие денови
Ако сè уште не знаеш што да гледаш на Денот на вљубените или уште сега сакаш да влезеш во тоа романтично расположение и да побараш некој добар филм, погледнете ги овие седум романтични тинејџерски филмови од Нетфликс. Тие се идеални за деновите пред нас.
# Little Italy
Овој филм многумина го опишаа како „приказната за Ромео и Јулија, но за милениумци“. Звучи совршено за Денот на вљубените, нели? Ние апсолутно се согласуваме.
# The Kissing Booth
Апсолутен тинејџерски класик во последните неколку години е овој пресладок филм за девојката која се вљубува во братот на својот најдобар пријател. Доколку го немате изгледеано, време е да го направите тоа за Денот на вљубените.
# Sierra Burgess is a Loser
Порака испратена на погрешен број доведува до романтична привлечност помеѓу паметната, но не толку популарната тинејџерка Сиера и згодниот и популарен Џејми, главниот фраер во училиштето.
# The Half of It
Taa е талентирана музичарка и интроверт, а тој е симаптичен спортист и добар човек. И, вљубени се во иста девојка...
# Twilight
Океј, за ова не треба да ви зборуваме многу, само ќе ви кажеме дека сега е идеалното време за повторно да го погледнете овој филм. Или да го изгледате за првпат. Не срамете се!
# Tall Girl
Ова е приказна за девојката која никогаш не се вклопувала, но сето тоа ќе го промени новото момче кое ќе дојде во нејзиното училиште, а кое ќе ѝ го преврти светот.
# Midnight Sun
Девојка која боледува од сериозна болест поради која не смее да излегува на светлина, се вљубува во момче од соседството... И мора добро да процени што и е поважно, да го зачува сопственото здравје или потполно да се препушти на новата љубов.