Идеално за најголемите обожаватели на „Сам дома“: Може да се изнајми вистинската куќа од филмот

Идеално за најголемите обожаватели на „Сам дома“: Може да се изнајми вистинската куќа од филмот

Објавена во: Stars // Филм

Замисли некој ова да ти го подари за Нова Година!

Иако всушност воопшто не е божиќен филм, „Сам дома“ стана класик кој редовно се прикажува на телевизиите за време на празниците. Колку пати и да сте го гледале, никогаш нема да ви стане досаден. А, некои сигурно и редовно го гледаат секоја година. За таквите овој декември доаѓа понуда од соништата.

Замисли да можеш да преноќиш во вистинската куќа од филмот „Сам дома“? Неколку среќници нема да мора повеќе да го замислуваат ова, туку ќе имаат можност и да го искусат, бидејќи куќата на МекКалистерови оваа сезона се појавува на AirBnB и може да се изнајми. Неколку среќници ќе имаат можност да престојуваат во неа и да преспијат, но и да искусат и неколку искуства од „Сам дома“, пишува „Tyla“.

Цената по која ќе се изнајмува е вистинска ситници, 25 долари по личност, но може да ја изнајмат само 4 луѓе и тоа само на една вечер, на 12 декември. Куќата се наоѓа на подрачјето на Чикаго во Америка, а во оваа прилика за првпат се изнајмува на луѓе, сѐ со цел да се направи реклама за новиот филм „Home Sweet Home Alone“.


Освен што неколку луѓе ќе може да престојуваат во куќата, што само по себе е голема работа за обожавателите, тука ќе има и некои додатоци кои дополнително ќе го зачинат престојот. Различните активности поврзани со филмот, вечерата која Кевин си ја направил пред да се појават крадците, а ќе има и неколку скриени замки, кои нема да бидат опасни по животот, но ќе придонесат за целокупното искуство.

фото: Imdb

Секако дека куќата ќе биде украсена во божиќен стил и нема да се штеди на декорациите, сѐ ќе свети. Описот кој е ставен во огласот на AirBnB е апсолутно симпатичен, а изгледа како да го напишал Баз, братот на Кевин, кој споменува дека се надева на тоа дека на гостите нема да им проблем да ја чуваат неговата тарантула додека тој е на божиќниот одмор. За четворицата среќници ова ќе биде вистинско неповторливо искуство!

фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: