Играте фудбал и покрај горештините? Знаци поради кои мора итно да престанете!

Играте фудбал и покрај горештините? Знаци поради кои мора итно да престанете!

Објавена во: Фудбал, Наука

Многу момчиња не сакаат да се откажат од омиленото хоби, фудбалот, дури и кога температурите се над 30 Целзиусови степени. Во продолжение имате неколку совети од лекарите кога да престанете и да се повлечете под сенка.

Лекарите од брзата помош веќе со години постојано предупредуваат дека физичките активности за време на топлите денови треба да се сведат на минимум. Но, има момчиња кои не сакаат да се откажат од играњето фудбал. Без оглед на температурите, омилениот спорт останува во игра.

Доколку не се соочи со повреди поради исцрпеност или невнимание, телото може да ја изгуби својата послушност поради топлината и физичкиот напор.

„Доколку почувствувате притисок во главата, чувство на грчење во мускулите, трнење на рацето, недостаток на воздух поголем од кога вообичаено играте, би требало веднаш да престанете со таа физичка активност. Секако дека во лето се потиме повеќе од вообичаено, но момчињата кои играат фудбал или се занимаваат со некои други спортови веќе добро го познаваат своето тело па може да препознаат кога тоа потење е зголемено и пообилно од вообичаеното. Тоа исто така е знак дека треба веднаш да престанете со играње или со било кој физички напор. Имено, сите овие симптоми не укажуваат на срцев или мозочен удар, што некои веднаш се поврзуваат со напорот на високите температури, туку зборуваме за знаци на топлинска исцрпеност на организмот“ - предупредува д-р. Дејана Мартиниќ, специјалист за брза помош, од Загреб.

Додатно, поради зголеменото потење може да се појави дехидрација чии симптоми освен жедта, се и мачнините, вртоглавиците, конфузијата и слабоста,

„Додатно, може да се појави и сончаница, чии симптоми се чувството на притисок во главата, чувството како да ќе се онесвестите. Доколку имате било кој од овие симптоми веднаш престанете со физичката активност со која се занимавате и побарајте сенка или одете во разладена просторија. Притоа е многу важно таа просторија да не биде премногу разладена за организмот не биде доведен до состојба на шок, туку разликат во температурата да е од 5 до 7 степени. Треба малку да легнете и да почекате да ви помине чувството на слабост. За да го избегнете сето ова, освен препораките со спортот и големите напори да не се занимавате за време на топлотниот бран, доколку сте приморани, би било добро тоа да го правите до доцните вечерни часови кога температурите не се толку изразени и нема сонце“ - советува д-р. Мартиниќ.

Исто така, поради зголемето потење и можност за дехидрација од организмот се губат повеќе течности од обично. И тој губиток мора да се надополни. 

„Во ситуации кога многу се потите, бидејќи физички се заморувате не ви е доволна само обична вода бидејќи со тоа потење од телото се лачат и важни елементи. Поради тоа препораката е да испиете изотоничен пијалок за да се ублажи губитокот“ - заклучува докторката.

Објавена во: Фудбал, Наука

Можеби ќе ве интересира: