Илина го имаше главниот збор: Сара Мејс и Димитар наместо едно, одбраа две имиња за синот (ФОТО)

Илина го имаше главниот збор: Сара Мејс и Димитар наместо едно, одбраа две имиња за синот (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Кон крајот на јануари, пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски открија дека очекуваат принова. 

Возбудата за доаѓањето на братчето не ја крие ниту четиригодишната Илина, нивната првородена ќерка, чија реакција Сара ја раскажа за Женски магазин.

„Илина ме праша: Мамо, сестричка ќе биде? Кога ѝ реков дека не знам ми одговори: „Ако е братче, ќе го направиме сестричка“. Потоа ме праша: „Ако имаш бебе, отвори внатре да видам какво е“, рече Сара за ќерката. Таа вели дека на најголема мака била кога на Илина требало да ѝ одговори на прашањето: „Како бебето го стави внатре?“ - откри пејачката, а потоа додаде: 

„Се збунив во прв момент, а потоа ѝ ја раскажав приказната за штркот, дека ми се потпрел на рамо“.

Откако ги објавија среќните вести поврзани со пристигнувањето на новиот член тие постојано споделуваат интересни фотографии и видеа од нивното секојдневние, а последните објави навистина ги разнежнија сите. Имено, овој викенд, Сара, Димитар и Илина одбираа име за новиот член на семејството Атанасовски.

За тоа колку се модерни, говори и фактот што наместо едно одбраа две имиња - Господин и Македон, а овие вести на својот Инстаграм профил ги сподели Димитар.

„Конечно името е одбрано. Г-дин Господин Македон Атанасовски“ - напиша на фотографијата, на која беа заокружени двете одбрани имиња.

Дали станува збор за шега или ова е конечна одлука, останува да видиме кога ќе се роди нивниот син и братче.

Инаку, името Македон произлегува од името Македониј. Оргинална форма на името е Μακεδόνιος и е со грчко потело. Значењето на името: од Македонија, т.е. некој шот е од областа Македонија.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: