Илон Маск и неговата поранешна сопруга го променија името на нивната ќерка: Никогаш не би погодиле како сега се вика „Y“
Од Илон и неговата поранешна избраничка секогаш можеме да очекуваме неочекувани работи...
Грајмс и таткото на нејзините деца, сопственикот на Твитер Илон Маск одлучија да го променат името на својата втора ќерка.
Експерименталната канадска поп пејачка Грајмс, на 23 март на Твитер објави фотографија од своето второ дете во црвен комбинезон и со жолта боја на коса.
Како што пренесуваат странските медиуми, таа го променила името на детето од „Y“ во „?“.
Екса Дарк Сидерал Маск беше оригиналното име на бебето. Нејзините родители биле инспирирани од компјутерскиот термин „ekaFLOPS“.
„Таа сега е ипсилон или „Зошто?“ или само „?“ (Но, владата нема да го признае тоа)“ - напиша Грајмс на Твитер, како одговор на еден обожавател.
фото: Принтскрин / Јутјуб