Им го раскажа минатиот живот на родителите: Кога проверија, се шокираа

Им го раскажа минатиот живот на родителите: Кога проверија, се шокираа

Објавена во: Совети // Семејство

Од најрано детство, родителите на Сарини (девојчето на фотографијата) забележале дека таа има силни спомени и спомени.

Како што почна да зборува на јазикот на возрасните, така раскажуваше за некоја река, три деца со кои си играла и постојано го споменувапе името „Луџи“.

Нејзините родители припишаа сè на нејзината живописна имагинација и телевизијата, затоа што сакаше да гледа цртани филмови, а потоа на нејзини четири години одеднаш почна да споменува дека ѝ недостига реката, како и дека починала кога родила бебе... 

Мајката и таткото видоа дека нешто не е во ред и ја однесоа Сарини кај детски психијатар во Мумбаи. Тој пред индиската двојка изјави дека е многу можно девојчето да се сеќава на нејзиниот минат живот.

Родителите се изнасмеаја, но откако пристигнаа дома и во наредните денови, девојчето продолжи да спомнува некои деца - Дева, Виџара и Шанти. Како што и честопати раскажуваше за градот Дидван, кој се наоѓа во близина на Џајпур, во сојузната држава Раџастан. На крај тие решија да ги испитаат нејзините приказни.

Тешко беше да се открие сè на Интернет, па самите иницираа неколку разговори со Сарини за да заклучат дали нејзините сеќавања се навистина точни. Кога раскажа за двете фабрики во предградието на Дидвана, нејзините родители беа навистина шокирани. 

За да стават крај на мистеријата, решија да го посетат Дидван. Патувањето ги чинеше премногу, но вредеше. Кога пристигнаа на местото, девојчето започна да плаче - да се сеќава на сè. Најлудо од сè, таа ги однесе во вистинското соседство каде што живела, јавува локалната агенција „ТОИ“.

Навистина имаше жена по име Луџи која има три деца - Дева, Виџара и Шанти. Требало да роди четврто дете, но тоа починало за време на породувањето. Малата Сарини цел ден шеташе низ соседството и се сети на сите места. До крајот на денот, започна да зборува со локален акцент без никакви проблеми.

Бидејќи многу Индијци навистина веруваат во реинкарнација, ова не ги шокираше премногу родителите, иако мислеа дека никогаш нема да доживеат вакво нешто во семејството.

Како што раскажа и таа самата, во нејзиниот „минат живот“, Сарини им помогнала на многу луѓе околу себе, па така од минатата година се занимава со активности за собирање хуманитарна и финансиска помош на загрозени деца.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: