Им се испушти: Онур и Шехерезада конечно ја покажаа ќерката - вака изгледа нивниот слободен ден (ФОТО)
Ќерката на Бергузар Корел е како мед, фотографиите се неверојатни...
Со хармонично семејство може да се пофали една од омилените актерски двојки од Турција, Бергузар Корел и Халит Ергенч, кај нас попознати како Онур и Шехерезада.
Нивна најголема гордост, освен синовите Али и Хан, е и нивната ќерка Лејла која се роди пред година и пол. Ќерката на Бергузар Корел и Халита Ергенца порасна, па сега може во целост да ужива во патувањето низ светот со мама и тато.
Локацијата на која семејството моментално престојува поради работа е Англија, а за време на паузите од снимањата, семејството ужива во омилените активности.
Еден убав пролетен ден ја намами актерската двојка да излезе на лондонските улици, а дел од нивното попладне со ќерката можевме да видиме на Инстаграм.
Халит и Лејла возеа велосипеди, а мама Бергузар сето тоа го забележи со камерата.
Освен возењето на велосипеди забележивме дека ќерката на актерската двојка ужива и во престојот во природа, па така после прошетката тато и Лејла одмараа во природа.
фото: Принтскрин / Инстаграм