Има 11 години, а веќе е мета на ужасни коментари: Дали и Харпер Бекам ја има истата судбина како ќерката на Џенифер Лопез?

Има 11 години, а веќе е мета на ужасни коментари: Дали и Харпер Бекам ја има истата судбина како ќерката на Џенифер Лопез?

Објавена во: Совети // Семејство

Харпер Севен, најмладото дете на Дејвид и Викторија Бекам, веќе некое време е мета на критики поради својот изглед, а нејзината приказна сѐ повеќе потсеќа на она низ што поминува Еме, ќерката на Џенифер Лопез.

Харпер Севен е најмладото дете на Дејвид и Викторија Бекам, а моментално со семејството престојува во Хрватска, на Лопуд. Таму го прославија и нејзиниот 11-ти роденден, а гордата мајка со тоа се пофали на Инстаграм.

Нејзиниот живот е под лупа откако се роди, а во неколку наврати изгледот на најмладиот член на семејството Бекам беше мета на ужасни коментари.

Од таа причина, Викторија сака да ја заштити својата ќерка од „хејтот“ на социјалните мрежи, барем во периодот додека е во пубертет.

„Харпер не е активна на социјалните мрежи, така што уште не мораме да се плашиме од критиките на сметка на нејзиниот изглед“ - кажа во една прилика Викторија за австралискиот „Вог“. Додаде и дека се грижи за тоа колку луѓето може да бидат сурови.

Модната дизајнерка изјави дека верува дека ќе успее да се погрижи Харпер да биде опкружена со добри луѓе и да изгради самодоверба, која ќе ѝ помогне да им дава значење на лошите коментари.

„Таа е во таа возраст кога нејзиното тело се менува, но станува збор за тоа дека многу комуницираме како семејство и дека таа е опкружена со драги пријатели. Но, тоа е прилично застрашувачко, не можам да лажам“ - кажа таа.

Викторија исто така објасни дека на нејзината единствена ќерка не ѝ се брза да порасне и дека ужива да се облекува во облека која е прикладна за нејзините години.

„Таа не е едно од оние деца кои излегуваат нашминкани и во кратки кроп-топови. Неодамна ми кажа: „Мама, видов некои твои фотографии додека си била во „Spice Girls“, а твоите здолништа биле неприфатливи. Едноставно биле прекратки“. Тогаш Дејвид ја поддржа: „Апсолутно Харпер! Навистина, навистина беа“. И всушност беше прилично згрозена од тоа колку моите здолништа биле кратки. Ѝ кажав: „Зарем никогаш нема да носиш такви здолишта?“, на што таа ми одговори: „Апсолутно не“. Останува да видиме“ - кажа Викторија Бекам.

Харпер не е единственото дете на познати родители кое поради својот изглед се најде како мета на критики, а нејзината приказна сѐ повеќе потсетува на онаа која со години се поврзува со Еме, ќерката на Џенифер Лопез.

Имено, често ја „хејтаат“ на социјалните мрежи, бидејќи не изгледа како копија на својата позната мајка, која со текот на времето се наметна и како модна икона. Девојчето, судејќи по фотографиите, наместо женствени фустани, преферира широка машка облека и спортски стил.

За среќа, сѐ повеќе луѓе, сега застануваат во нејзина одбрана и истакнуваат дека е вистинско освежување да се види „нормално“ дете на познати родители, кое се труди да не биде постаро отколку што е и има свој стил, кога е во прашање облеката која ја носи.

Сепак, изгледот на оваа тинејџерка не е единственото нешто за што дежурните коментатори имаат нешто да кажат.

Многумина ја споредуваат со момче и како тема на дебата ја зимаат нејзината сексуалност, нарекувајќи ја трансродова личност. Иако за тоа пејачката и актерка за целото ова време не зборуваше, на својот неодамнешен настап од хуманитарен карактер на стадионот „Dodgers“ во Лос Анџелес направи нешто што дотогаш го немаше направено.

Имено, додека зборуваше за својата ќерка, која ѝ се придружи на сцената, ја користише родово неутралната заменка „they“, односно „тие“. 


Токму поради еден од видеата од концерот, почнаа да се редат бројни коментари кои не го поддржаа овој потег, а некои пишуваа дека сигурно е „таква“ поради огромната популарност на мајка ѝ со која не знаела да се носи.

Ужасни коментари секојдневно пристигнуваат на адресите на децата чии родители се позанти, само тоа што не се нивни копии, а ние се надеваме дека тоа во потполност ќе престане и дека малата Харпер нема да стане новата Еме.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: