Има 12 браќа и сестри, покажа како живеат: Никој нема своја соба, чевлите се насекаде, а само да ја видите кујната... (ВИДЕО)
Девојка која има 12 браќа и сестри покажа каков е животот во толку големо семејство!
За многумина е незамисливо 15 луѓе да живеат заедно, но Тихана Краун (20), девојка која има 12 браќа и сестри и сите живеат во иста куќа, со нејзините родители, покажа како изгледа животот во големо семејство.
„Кога ќе ја отворите вратата, првото нешто што ќе го видите е полн плакар за чевли. И не само еден, туку два", вели таа, покажувајќи на куп чевли.
„И немаме една, ниту две, туку три закачалки за јакни“, додава таа.
15 од нив живеат на не толку голем простор, а Тихана посочува дека никој од нив нема своја соба, но додава дека тоа е „многу позабавно“.
Бањата е приказна сама по себе затоа што е полна со различни производи, затоа што секој сака да користи нешто различно.
Тихана вели дека најлошото нешто, кога станува збор за живот во толку големо семејство, е миењето садови.
„Треба да миете еден куп садови секој ден“, вели таа, додавајќи дека мрази кога и е „ред да измие“.
Најстарото дете од семејството Краун има 24 години, а најмалото три.
На друго видео, Тихана покажа колку велосипеди имаат, додавајќи дека сепак сакаат да ги возат заедно, но покажува и корпа со чорапи на која има неверојатен број, како и кујна со многу леб и други намирници ...
Видео и Фото: TikTok