Има 16 години,самохрана мајка на две деца: Се грижи за децата, оди на училиште и е одличен ученик
Оваа тинејџерка има сосема поинаков живот од нејзините врсници
Ава Кинг (16) од Индијана, имала само 13 години кога за прв пат забременила. Таа сега е самохрана мајка-тинејџерка со две деца. Откри како е да се воспитуваат деца и да се оди на училиште во исто време.
Ава објасни како го координира одењето на училиште и грижата за нејзините две мали деца со помош на семејството и пријателите. Благодарение на нив, таа е одлична ученичка.
- Тежок е ваквиот живот, но ги сакам моите деца - вели 16-годишната мајка на две деца.
Во видеата на „Тик Ток“, таа покажа како изгледа еден ден од нејзиниот живот како тинејџерка и колку всушност нејзиниот живот се разликува од животот на нејзините врсници.
Открил како им подготвува појадок на своите деца, ги облекува и чека баба им да дојде да се грижи за нив, за таа да оди на училиште.
- Имав 13 години кога првпат забременив со Џордан. Освен што ми доцнеше циклусот, немав други симптоми. Некако ги поврзав два и два - се присети оваа исклучително млада мајка.
Ава го изгубила својот татко кога имала 11 години, а неколку години подоцна го запознала таткото на нејзините деца на еден од неговите кошаркарски натпревари и се заљубила во него.
Таа во видеата на социјалната мрежа „Тик Ток“ изјави дека Џордан ја изневерувал во текот на целата бременост, а се борела и со постпородилна депресија. Забременила по втор пат во 2020 година.
- Вториот пат беше најтрауматичното нешто во мојот живот. Само седев и плачев – објасни таа во ТВ-емисијата „Моето извонредно семејство“.
Критичарите ја осудија што не користела контрацепција по првата непланирана бременост, но таа тврди дека во тоа време пиела таблети.
- Пиев апчиња за контрацепција и не ми помогнаа - кажа Ава во едно од нејзините видеа.
Ава објаснила и дека повеќе не е во врска со таткото на нејзините деца, бидејќи како што вели и двајцата имаат лични работи на кои треба да „поработат“.
-Бевме „отров“ еден за друг, но секогаш на некој начин ќе се сакаме. Секогаш ќе го сакам и ќе се грижам за него - рече Ава и додаде дека не сака да биде со него додека не се промени.
Во коментарите под видеата многумина ја осудија како тинејџерка станала мајка, но има и такви кои ѝ се восхитуваат и ја поддржуваат.
Извор: Telegraf.rs