Има 3 години и подготвува оброци за целото семејство: Мајката на идниот Гордон Ремзи се соочува со негативни коментари
На социјалната мрежа ТикТок се појави видео, кој го објавила Лаура, мајка на 3 - годишно момче, на кое се гледа како момчето готви, а видеото предизвика многу несакани реакции.
Како што таа им објасни на своите следбеници, својот син го учела да готви уште кога имал само 14 месеци. Иако видеото наиде на поединечни критики, дека толку мало дете не треба да биде во близина на шпоред, Лаура посочува дека ги преземала сите безбедносни мерки.
„Кога се толку мало, би требало да им се прилагоди опкружувањето и однапред да им се подготви сѐ. Освен тоа, би требало да се користат само садови кои и самите може да ги држат и отвораат“ - објаснува Лаура во видеото.
Таа вели дека подучувањето го започнала со едноставни задачи како истурање од сад во сад, мешање и слично.
Малото момче на почеоткот не готвело рецепти кои подразбираат користење на шпорет или рерна, наместо тоа правел смутиња.
@lauralove5514 Short answer to how we got Carter started w/cooking let me know if you have questions ##TheChallengeAllStars ##DSWCutLoose ##fyp ##cooking ##recipe
Send Me on My Way - Vibe Street
„Пред да почне да корсти шпорет, се уверив дека ги разбира сите опасности. Најпрво вежбавме исклучување на шпоретот“ - зборува гордата мајка.
Дури и кога шпоретот бил вклучен, Лаура вели дека користела многу ниска температура и секогаш го надгледувала својот син.
Поради видеото, во кое синот на Лаура готви вечера за целото семејство, многумина не беа задоволни, бидејќи тој користи шпорет, па коментираа дека тоа е многу опасно.
@lauralove5514 He had so much fun cooking Chili for dinner ##WidenTheScreen ##fyp ##foryou ##toddlersoftiktok ##toddler ##recipes
Send Me on My Way - Guy Meets Girl
„Дете на таа возраст би требало да си игра, а не да биде во близина на шпорет“ - гласеше еден од коментарите.
Од друга страна, другите беа потполно воодушевени од вештините на момчето.
„Ова момче може да биде најдобриот готвач кога ќе порасне“ - посочи еден од кориснците на оваа социјална мрежа.
„Оставете ги децата да готват, всушност тоа е прекрасна активност која го поттикнува когнитивниот развој“ - напиша друг корисник.
фото: Shutterstock