Има 5 години и 65 килограми: Поради реткото нарушување со кое се бори, нејзината мајка мора да ја заклучува кујната

Има 5 години и 65 килограми: Поради реткото нарушување со кое се бори, нејзината мајка мора да ја заклучува кујната

Објавена во: Совети // Семејство

Вилијамс вели дека прави сѐ за Харлоу да биде што поздрава, а една од најважните мерки е следењето и контролата на нејзината исхрана...

Поради ретко генетско нарушување, наречено Прадер-Вили синдром, 5-годишната Британка Харлоу Вилијамс веќе има 45 килограми, додека просечната тежина за нејзина возраст е 18,5 килограми. Имено, овој синдром меѓу другото манифестира недостаток на 15-тиот хромозом, кој е одговорен за контролирањето на гладот, а без него дете помеѓу првата и третата година од животот има абнормална потреба за храна и не се чувствува сито. Така, често има нагло зголемување на тежината.

„Да не ставевме детска заштита на вратата од кујната за да не може да ја отвори, Харлоу постојано ќе бараше нешто за јадење во кујнските плакари. Дефинитивно ќе мораме да преземеме уште некои мерки за да ја држиме подалеку од храна, а како ќе расте, најверојатно ќе мораме да ја заклучуваме вратата од кујната.“ - вели нејзината мајка, Холи Вилијамс.

Покрај постојаниот и ненаситен глад, овој редок синдром се манифестира и со опуштени и млитави мускули, кои се присутни кај детето од самото раѓање, а на Харлоу овој синдром ѝ бил дијагностициран кога имала шест месеци.

„Штом се роди, знаевме дека нешто не е во ред. Беше навистина летаргична, немаше енергија, не плачеше и не можеше да стави шише во уста.“ - вели мајката, која сега кога знае од што боледува нејзината ќерка, прави сѐ за детето да биде што е можно поздраво, а една од најважните мерки е следењето и контролата на исхраната.


„Харлоу во моментов има прекумерна тежина, па често морам да бидам строга со неа и среде оброк да ѝ кажам дека ѝ е доста јадење“ - вели мајката која се грижи девојчето да има здрава и урамнотежена исхрана, но повремено ѝ дозволува некои слатки задоволства, бидејќи има само 5 години. 

Иако учи во нормално училиште, Харлоу секојдневно се среќава со сериозни предизвици поради својата болест, па и на 5 години има проблем со движењето и оди лошо, но тука се и апнејата и честите напади на бес.

„Понекогаш може да биде тешко да се справам со сѐ, но таа е моето прво дете, па не знам за што другп би била насочена мојата цела енергија, ако не за неа“ - кажа мајката за „New York Post“.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: