Има 8 години и 5 милијарда долари: Кое е најбогатото дете на светот?

Има 8 години и 5 милијарда долари: Кое е најбогатото дете на светот?

Објавена во: Совети // Семејство

Некои од најбогатите деца на светот го наследиле своето богатство, некои го заработиле сами...

Голем дел од децата на оваа листа потекнвуаат од многу имотни и влијателни семејства, но помеѓу нив има и такви кои од мали нозе се многу креативни, талентирани и успешни што веќе заработуваат милиони.

Интересно е дека на листата се наоѓаат неколку деца од едно семејство, а девојчето кое е на прво место тешко дека ќе биде симнато од тронот во скоро време... Исто така, скоро е неверојатно што на листата ја нема Норт Вест, најстарото дете на Ким Кардашијан, која веќе има неколку свои брендови.

Во продолжение може да погледнете кои се 10-те најбогати деца на планетата, според порталот „Edudwar“:

# Тру Томсон - 5 милиони долари

Ќерката на Клои Кардашијан и кошаркарот Тристан Томсон наводно е горда сопственичка на 5 милиони долари, кои ги има благодарение на своите родители.

# Сури Круз - 5 милиони долари

17-годишната Сури е ќерка на холивдските ѕвезди Том Круз и Кејти Холмс, а познато е дека повеќе од една деценија нема никаков контакт со татко ѝ, бидејќи нејзината мајка и таа ја напуштиле сајентолошката црква, на која актерот ѝ е предадено. Со години ја носи титулата и најстилизирано дете на планетата, а има и свој моден блог. Меѓутоа, поголемиот дел од богатството го има наследено од родителите.

# Алина Морс - 6 милиони долари

Американската претприемачка која пред неколку дена наполни 18 години ја основа својата компанија Zolli Candy која се занимава со производство на слатки. Таа лансираше лижавчиња без шеќер наречени Zolipops, бонбони Zoli Drops и карамели Zafi Tafi. Таа е најмладата личност која се појавила на насловната страница на магазинот „Entrepreneur“ и двапати била гостинка во Белата куќа на покана на тогашната прва дама Мишел Обама.

# Рајан Гуан - 11 милиони долари

Момчето Рајан Каџи, чие вистинско презиме е Гуан, е автор на Јутјуб каналот „Ryan's World“, за деца на возраст од 2 до 6 години. И самиот јутјубер има 11 години, а на своите гледачи им покажува како ги отвара играчките, им дава свои рецензии за разни производи и со задоволство го снима своето семејство.

# Валентина Палома Пино - 12 милиони долари

Ќерката на актерката Салма Хајек и францускиот милијардер Франсоа Пино во 2020 година се вброи во листата на најбогати деца на светот и од тогаш редовно е на неа. Самата Валентина е Интернет ѕвезда, но поголемиот дел од нејзиното богатство е од нејзините родители.

# Принцот Луис од Велс - 400 милиони долари

„Најсиромашниот“ во неговото потесно семејство, третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон е петто во редот за тронот, зад неговиот татко, постариот брат и сестрата, а ова петгодишно дете го доби импресивниот имот на своето име од кралското семејство.

# Сторми Вебстер - 726 милиони долари

Ќерката на реалити ѕвездата и сопственичката на козметичка линија Кајли Џенер и раперот Тревис Скот е добро познато име. Таа е многу популарна на социјалните мрежи, а фотографијата која го открива нејзиното име беше најлајкувана на Инстаграм во тоа време, со повеќе од 12,4 милиони лајкови за 12 часа. Таа има завидна колекција на брендирани чанти, луксузна куќичка за играње и носи само луксузна облека.

# Блу Ајви Картер - 1 милијарда долари

Ќерката на раперот Џеј Зи и пејачката Бијонсе е нивното долгоочекувано прво дете, а нејзиното име е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најмладата личност која има снимена песна, бидејќи веднаш по раѓањето нејзиниот глас е снимен за песната „Glory“ на Џеј Зи. Таа има само 11 години, а веќе доби Греми, нејзината мајка го основаше брендот Ајви Парк, именуван по неа, и пред неа е голема кариера, што ѝ да одлучи да прави во иднина.

# Принцот Џорџ од Велс - 3 милијарди долари

Првото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон моментално е зад неговиот татко, како втор во редот за британскиот трон. Момчето има само девет години, а веќе е милијардер, најмногу благодарение на богатството на кралското семејство.

# Принцезата Шарлот од Велс - 5 милијарди долари

Таа можеби за тронот е зад нејзиниот постар брат Џорџ, но единствената ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го надмина по популарност на социјалните мрежи и во медиумите, пред сѐ поради нејзините манири, стил и сличност со нивната прабаба Елизабета Втора. Таа важи за трендсетерка меѓу децата и го има наследено т.н „Кејт ефект“, бидејќи како и во случајот со Кејт Мидлтон, сѐ што носи малата Шарлот е распродадено за неколку дена до месеци.

Шарлот има само осум години, но и огромно богатство на свое име, а интересно е тоа што, благодарение на договорот од Перт, таа е првата британска принцеза која се рангираше над својот брат во линијата за тронот, давајќи му на принцот Луис помалку шанси некогаш да ја стави круната на глава.

фото: unsplash.com

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: