Има две ќерки, биолошката не ја видел 10 години, само со синот е во добри односи: Запознајте ги децата на Том Круз

Има две ќерки, биолошката не ја видел 10 години, само со синот е во добри односи: Запознајте ги децата на Том Круз

Објавена во: Совети // Семејство

Сури не ја видел повеќе од 10 години, еве зошто

Актерот Том Круз има вкупно три деца, посвоена ќерка и син од бракот со Никол Кидман, и биолошка ќерка, Сури, од бракот со Кејти Холмс. 

Изабела Круз има 28 години, се крие од јавноста, а од 2015-та година е во брак со британскиот ИТ консултант Макс Паркер. Таткото Том Круз ја плати церемонијата, а не присуствуваше на истата.

Нејзиниот брат Конор Круз е диџеј и актер. Тој за разлика од неа сака да се покажува во јавност и често може да биде забележан во друштво на татко си Том Круз. Тој е единственото дете кое сме го забележале во близина на актерот.

Сури е ќерката на Кејт Холмс и Том Круз, која тој ја нема видено од 2013-тата година. Сури е постојано во друштво на мајка си, а се зборува дека ѕвездата на „Top Gun“, „Mission: Impossible“ и останатите акциони филмови, своето единствено биолошко дете го нема видено од 2013 година. Наводно, забранет му е секој контакт со неа, бидејќи таа не е член на Скиентолошката црква, што неофицијално било причина и за крајот на бракот со Холмс. Од друга страна, се зборува дека со децата кои ги посвоил во бракот со Никол Кидман е многу близок, бидејќи и тие се следбеници на споменатата секта. Австралиската „оскаровка“, пак нема никаков контакт со Изабела и Конор, бидејќи ѝ го свртеле грбот поради скиентологијата.

Во секој случај, за Сури има кој да се грижи. Кејти не ја испушта од вид, а сега сѐ почесто може да се видат на улиците низ Њујорк. Велат дека е слика и прилика на мајка ѝ, иако има и по некоја црта на татко ѝ. 

фото: Profimedia


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: