Има лузна во облик на срце на челото и го нарекуваат „бебето на љубовта“: „Чинар е роден за да ги зближи луѓето“

Има лузна во облик на срце на челото и го нарекуваат „бебето на љубовта“: „Чинар е роден за да ги зближи луѓето“

Објавена во: Мода // Moj стил

Секој иден родител се надева дека се ќе биде во ред со своето бебе и дека „ќе оди онака како што треба“. Така беше и со Чеида Енгин, која роди здраво машко дете во Анкара, фала богу, но пред се бабиците се зачудија кога го видоа нејзиното бебе бидејќи не беше „обично“.

Момчето, кое го нарекоа Чинар, има белег на челото, над десното око, не каков било белег туку во форма на срце.

Поради ова, тој веднаш го доби прекарот „бебе на љубовта“. Тој стана ѕвезда во родилната сала така што медицинскиот персонал речиси веднаш се фотографирал со новороденото бебе.

Семејството Енгин од Турција навистина се зачудило кога го виделе овој роден знак, а таткото Мурат веднаш штом го видел бебето рекол:

- Тешко ми беше да ги задржам солзите. Го сакаме него, но и неговиот заштитен знак, пренесува „Good house keeping“.

Кога почнале да излегуваат надвор, забележале дека луѓето им се смешкаат додека гледаат во малиот Чинар. Се случувало и да сакаат да се фотографираат со него, како да е позната личност.

- Мислиме дека е роден да ги поврзува луѓето, да ги зближи. Веруваме дека е роден со таа цел. Неговата лузна навистина ја сметаме за дар од Бога - рекол таткото на малото момче.


Никој во семејството нема никакви траги, па Чинар, сега „мало големо момче“ е првиот во семејството со толку јасен белег на телото.

(Ona.rs)


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: