Има магичен глас, 3 карциноми и 2% шанси да преживее: „Сè е во ред“, рече младата Англичака и го расплака светот

Има магичен глас, 3 карциноми и 2% шанси да преживее: „Сè е во ред“, рече младата Англичака и го расплака светот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

„Не може да чекате животот да престане да биде напорен, за дури тогаш да одлучите да бидете среќни“.

За вчерашниот настап на Џeејн од Охајо во американската верзија на „Јас имам талент“ ќе се зборува долго време. Оваа млада девојка пееше под уметничкото име „Nightbirde“, а за тоа колку беше извонредна, доказ е нејзиниот директен пласман во финалето на натпреварот, но и реакциите на жирито и публиката ширум светот. Бидејќи пред нејзиниот мир, спокојство и енергија, тешко е да се запрат чувствата.

Натпреварувачката на американскиот „Талент“ крие тешка животна приказна зад насмевката - таа се бори против три вида рак - на 'рбетниот мозок, белите дробови и црниот дроб. И покрај сите проблеми со кои се соочува, Џејн зрачеше со оптимизам.

- Ја пеам авторската песна „It’s OK (Се‘ е во ред)“. Таа зборува за последната година од мојот живот - рече Џејн, која има 30 години.

Како што изјави, на натпреварот дошла сама. На прашањето што прави во животот, таа го рече следново:

- Не работев неколку години, се борам против рак. Последен пат кога проверив, имав рак на белите дробови, 'рбетниот мозок и црниот дроб - рече таа, со мирна насмевка на лицето.

„Важно е за сите да знаат дека јас сум повеќе од лошите работи што ми се случуваат“, рече Џејн, а потоа го започна својот импресивен настап.

Кога заврши, целото студио и аплаудираше.

„Беше моќно“, рече членката на жирито Софија Вергара, додека Хајди Клум ја истакна убавината на нејзиниот глас.

- Твојот глас е импресивен - рече најстрогиот член на жирито, Сајмон Кауел, исто така трогнат од песната и приказната зад неа.

„„Не може да чекате животот да престане да биде напорен, за дури тогаш да одлучите да бидете среќни“, рече Џејн, а Симон остана без зборови и плачеше по оваа реченица.

Симон не сакаше да и даде глас, но тој и даде нешто многу, многу подобро. А тоа е „golden buzzer“  што значи дека таа отиде директно во финалето на натпреварот. Потоа ја прегрна пресреќната девојка.

- Имам два процента шанса за преживување, но два проценти не е нула. Два проценти е нешто, и јас би сакала луѓето да знаат колку е одлично - рече Џејн по претставувањето.

Откако ја напушти сцената, жирито се обиде да најде зборови за да ја опише оваа неверојатна изведба.

Погледнете ја Џејн, слушнете ја нејзината песна и уверете се:


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: