Има посебно значење: Што ви порачува мачката кога ќе ја изврти опашката нагоре?

Има посебно значење: Што ви порачува мачката кога ќе ја изврти опашката нагоре?

Објавена во: Совети // Семејство

Мачките имаат свои начини на комуникација кој не подразбира само галење и мјаукање, туку и положбата на опашката или погледот можат многу да кажам. Сепак, ние понекогаш ги разбираме погрешно и без причина се загрижуваме.

Денес ви ги откриваме четирите најчести знаци со кои мачките комуницираат со нас.

# Положбата на опашката:

Опашка нагоре: среќна е.

Опашка што имитира камшик: возбудена е или вознемирена.

Искривена опашка: се чувствува загрозено.

Треперење на опашка: вашата мачка е возбудена и среќна што ве гледа.

Опашка надолу: уплашена е.

# Многу работи може да ви каже со своите очи:

Ако мачката ве гледа директно во очи, таа во потполност ви верува и се чувствува безбедно со вас.

Исто така, доколку зениците ѝ се раширени, може да биде загрижена или премногу возбудена поради нешто.

Ако трепка многу полека, таа сака да ви даде сигнал дека ѝ се допаѓате.

# Со својот израз на лицето, мачката исто така ви зборува многу:

Кога ја крева главата, ве поздравува и сака да ви пренесе порака дека ѝ е драго што сте тука.

Ако ги витка своите уши, сака да си игра.

Ако вашата мачка ја лиже долната уста, таа сака да каже дека е уплашена поради нешто.

# Различното однесување може да ви каже што всушност сака вашата мачка:

Ако мачката се трие од вас, таа сака да покаже дека „ѝ припаѓате на неа“. Значи, ова може да биде ритуал за пречек.

Ако ве допре и бакне со влажна муцка, со тоа ви покажува наклонетост.

фото: pexels.com/basharkadi

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: