Има само 11 години и се бори со тумор од 26 см: Ајви херојски се соочува со ретка состојба

Има само 11 години и се бори со тумор од 26 см: Ајви херојски се соочува со ретка состојба

Објавена во: Совети // Семејство

Знаеше само едно - не сакаше да умре...

Ајви Адамс има само 11 години и мислела дека болките што ги чувствува се резултат на растењето и развојот, но се покажало дека е страшна болест. И кажале дека има тумор на ногата кој достигнал 26 сантиметри и веднаш почналa да се лекува. Хемотерапијата, освен опаѓање на косата, оставила и последици по телото на девојчето, бидејќи и го „уништила“ имунитетот.

Но, Ајви за „DailyMail“ изјавила дека знае само едно - не сака да умре.

За среќа, девојчето конечно добило одобрение за операција и успеале да и ја заменат коската со вештачки имплант. Мораше повторно да научи да оди, а третманите и се повеќе од исцрпувачки.

„Првиот круг на хемотерапија беше навистина ужасен бидејќи ми се лошеше и бев загрижена дека тоа ќе се повтори кога ќе ја земам втората доза“, рече Ајви.

На Ајви минатото лето ѝ беше дијагностициран малигнен тумор на периферната нервна обвивка (MPNST). Реткиот облик на рак, за кој се смета дека има само еден од 100.000 луѓе, обично расте во нозете, но може да се појави насекаде.

Туморот на Ајви отиде од врвот на нејзиното колено до бедрената коска, завршувајќи во колкот. Сепак, нејзиното семејство мислеше дека тоа е или поврзано со возраста - болките во растењето се вообичаени кај децата пред пубертетот - или замор од играње фудбал.

Мама Зои (47) станала позагрижена кога Ајви почнала да се буди во текот на ноќта со силни болки. И покрај нејзините напори, ѝ било кажано дека нема да може да закаже лекарски преглед повеќе од еден месец.

- Нејзината состојба беше дијагностицирана по рендген, а следното утро требаше да почне во ново училиште. Страшно е да се сеќавам на сето тоа, но сега можам со олеснување да кажам дека мило ми е што откривме што ја предизвикува болката на моето девојче и што на крајот ја победи оваа болест. Да не беше забележано тогаш, можеби ќе беше доцна - вели мајката на Ајви.

На Ајви на крајот и беше дијагностицирана болеста кон крајот на јули, два месеци откако почнаа нејзините симптоми. Г-ѓа Адамс рече дека примањето на телефонскиот повик од докторот било „ужасно“ колку и месеците на „пеколот“ низ кои Ајви морала да помине за да се опорави.

Лекарите решиле да ја заменат бедрената коска на Ајви со вештачки колк и колено, во случај лековите да не бидат целосно ефикасни.

Таа мораше повторно да научи да оди и имаше обемна физиотерапија за да се увери дека може да го свитка коленото. Таа, исто така, имаше генетско тестирање за понатамошно истражување и разавивање на болеста.

Сега кога Ајви се врати на училиште, семејството сака да ја подигне свеста за ретките видови на рак кои понекогаш немаат јасни симптоми за да може рано да се открие болеста.

- И двајцата сакаме да им помогнеме на луѓето да ги препознаат симптомите на рак на коските и да им помогнеме на сите семејства кои минуваат низ она што ние моравме да го издржиме. Моето мало девојче е инспирација и има одлична приказна да раскаже, да им помогне на луѓето како неа во заедницата, рече г-ѓа Адамс.

Фото: Freepik.com
Извор: Ona.telegraf.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: