Има само 18 години, а веќе е ѕвезда: Ја обожуваат поради егзотичната убавина, а се заканува дека ќе им ја земе популарноста на познатите актерки
Веќе глумеше во неколку големи филмски и телевизиски остварувања...
Кога младата актерка Алејна Узгиџјан стапна на турската сцена, веројатно не ни помислуваше дека наскоро целиот свет ќе знае која е таа.
Со својата убавина и талент, таа се заканува дека да ја наруши популарноста на големите имиња во шоу - бизнисот, а локалната публика ја запозна преку хит серијата „Gülperi“, како девојката по име Бедрије, која родителите, Гулпери и Ејуп, среќно ја израснаа со братот близнак Хасан и помладиот брат Јан, сè додека не ја скрши смртта на нејзиниот татко што ѝ го промени животот.
Убавата Алејна има само 18 години, а на малите екрани за првпат се појави во серијата „Canakkale Yuzyillik Muhur“, во 2018 година го сними филмот „Muslum“, а последниот проект на кој работеше беше серијата „Zemheri“.
Пред нејзината актерска кариера, работеше како модел, што ѝ ја отвори вратата кон индустријата за „шоу - бизнис“.
На Алејна многумина ѝ се восхитуваат во родната Турција поради специфичниот изглед и природната убавина, а скоро 190 илјади луѓе ја следат само на Инстаграм.
Таа секојдневно споделува моменти од приватниот живот со своите следбеници, но и од снимањата што ѝ го променија животот, и ѝ донесоа популарност и ја направија една од најпопуларните актерки во земјата, а сега и надвор од нејзините граници.
Освен со глума, убавата Алејна, како и повеќето девојки на нејзина возраст, сака да чита, патува и да се дружи со пријателите, а турските медиуми пишуваат дека, за среќа на нејзините машки обожаватели, таа е на слобода и дека никој не го освоил нејзиното срце - за сега.
Едно е сигурно, допрва ќе слушнеме за младата актерка, а како што стојат работите, таа веројатно ќе ги краси големите и малите екрани на бројни филмски и телевизиски продукции.