Има само 20 години, а веќе го покори ТикТок: Која е девојката која ја следат над 120 милиони луѓе?

Има само 20 години, а веќе го покори ТикТок: Која е девојката која ја следат над 120 милиони луѓе?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Позиционирана е високо на социјалната мрежа која најмногу ја користи генерацијата „Зет“ и чии ѕвезди стануваат и главни имиња во поп културата...

Таа е една од оние најголемите ѕвезди на денешницата со импресивен број на следбеници на сите социјални мрежи (над 120 милиони кога ќе се соберат сите), но веруваме дека многумина од вас никогаш не слушнале за неа.

Станува збор за 20 - годишната претставничка на генерацијата „Зет“, Адисон Реј која е една од најпопуларните светски ТикТокерки, рамо до рамо со Чарли и Дикси Ди Амелио, како и Авани.

Оваа млада ѕвезда во подем веќе гради вистинска мала империја, па освен што има свој козметички бренд и подкаст на платформата Spotify, таа е и заштитно лице и на бројни кампањи, вклучувајќи ја и „Skims“ на познатата Ким Кардашијан.

@addisonre

Beat It - Extended Version - Pateezy

Вака започна сѐ

Адисон Реј Инстерлинг од Лузијана, за ТикТок слушнала од своите пријатели од училиштето за танц. Најпрво се појавувала во видеата на другите, а потоа во јули 2019 година објавила видео од шега, додека чувала дете и истото експлодирало преку ноќ. Како што раскажа Адисон подоцна, никогаш немала толку лајкови и коментари.

Денес нејзиното прво ТикТок видео има над 20 милиони прегледи.

@addisonre

If you watch the cover it looks like i’m saying Banana ##foryoupage

original sound - Maxime

На ТикТок сега има над 79.2 милиони следбеници, а важи за една од најголемите ѕвезди на Интернет со 37.2 милиони следбеници на Инстаграм и 4.78 милиони пријавени корисници на Јутјуб,

Исто така, член е и на првата популарна ТикТок група „The Hype House“ чиј основач е Томас Петроу. Иако Адисон не живее со нив во вилата, секојдневно ги посетува, но и снима со нив. Хајповците во просек заработуваат околу 10 милиони долари годишно.

Адисон е позиционирана висока на социјалните мрежи кои најмногу ги користи генерацијата „Зет“ и чии ѕвезди стануваат и главни имиња во поп културата. Израснала гледајќи го танцувачкото шоу „Dance Moms“, а се занимавала со хип - хип, џез балет, класичен балет. Првите бранови на популарноста ги забележила додека го посетувала Државниот универзитет во Лузијана. Колегите од факултет ја препознавале,а  на неа тоа воопшто не ѝ пречело.

На есен со мајка ѝ се упатила во Калифорнија, каде што дала интервју за угледната веб страница „Famous Birthdays“ по што започнала нејзината соработка со интернет ѕвездите.

Во Лос Анџелес одела секоја втора недела, а кон крајот на октомври 2019 година на ТикТок имала повеќе од еден милион следбеници. Не велат залудно дека најтешко е да се заработи првиот милион, а дека останатите „доаѓаат сами“.

Од Лузијана во Калифорнија се преселила во декември, каде набрзо нејзиното семејство купило куќа во Лос Анџелес.

@addisonre

dc @ali.scyn

CHARLI USED MY AUDIO - ava

Пријателството со Кортни Кардашијан

Популарноста на Интернет ѝ донесе соработка со Кортни Кардашијан, со чиј син се појави во еден предизвик, по што станаа добри пријателки.

Едно време се шпекулираше дека Адисон е во врска со Скот Дисик, некогашното момче на Кортни Кардашијан и покрај огромната разлика во годините, а и Кортни за ова се пошегува на својот Инстаграм.

„Девојката на мојот маж и јас разменуваме приказни“ - напиша ријалити ѕвездата и со тоа даде до знаење дека и тие приказни се обични озборувања.

Адисон и Кортни станаа пријателки благодарение на нејзиниот син Мејсон, а младата ѕвезда често е во друштво на убавите сестри од кланот Кардашијан.

@addisonre

Follow my instagram pls - Christianlamn

Адисон ќе се појави и во „Во чекор со Кардашијанс“

Изгледа дека новото пријателство помеѓу Адисон и Кортни ќе се најде и во последната сезона на популарното реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“. Синописот на 4 - тата сезона гласи: „Ким и Клои се љубопитни поради Адисон Реј, новата пријателка на Кортни“.

Пријателство со јутјуберите

Младата ТикТокерка се дружи и со најпознатите ѕвезди на Јутјуб сцената, како што се Дејвид Добрик и Џејмс Чарлс, а често се појавува и во нивните видеа и влогови.

Во последно време многу се полемизира и за можната врска помеѓу неа и Добрик, иако досега наводите не се потврдени, ниту демантирани, иако на социјалните мрежи често си оставаат романтични коментари еден на друг.

Цело семејство е на ТикТок

На Адисон воопшто не ѝ е тешко да смислува и изведува разни танцови, бидејќи од шестата година е на танцовиот подиум. Семејството од почетокот го поддржувало нејзиниот подем во онлајн светот, а често во нејзините видеа се појавува и мајка ѝ која има завидна моќ на ТикТок - 13.9 милиони следбеници. 

@sherinicolee

maui is my real best friend but don’t tell @addisonre  ##mybestfriend

Best Friend (feat. Doja Cat) - Saweetie

Исто така, на ТикТок е и нејзиниот татко, Монти Лопез (@MontyLopez) со „само“ 5 милиони фоловери.

@montyjlopez

Boarded in the house ##ASOSFashunWeek ##homealone ##solo

Welcome to New York by Taylor Swift - mark

Адисон има и двајца помлади браќа, Лукас и Ензо кои ги делат профилите @thelopezboys, на кој имаат повеќе од 489 илјади следбеници, а Ензо од неодамна има и свој личен профил - @enzoeli каде веќе има над милион следбеници. 

@enzoeli

@masonramsey  @theraefamily  @montyjlopez  @sherinicolee  @addisonre

Twang - Mason Ramsey

Заработка

Проценето е дека Адисон само за време на минатата година заработила околу 5 милиони долари. Според различните извори, се проценува дека Адисон на својата страница заработува околу 15.000 за еден спонзориран пост.

За сето тоа допринесува и нејзината козметичка линија која ја започна во 2020 година,  под назив „ITEM Beauty“.

Во август минатата година објавија листа од првите шест производи кои се потполно вегански, cruelty free, каде спаѓаат: маскарата, желе сенката, пудра за осветлување, бронзер, масло за усни и средство за дефинирање на веѓи. 

Адисон во меѓувреме на својата страница сподели уште производи, а изгледа дека пособено е сконцентрирана на негата на кожата. Во просек цената на производите е од 10 до 20 долари, што ги прави достапни за младата популација која воглавно нема голем буџет.

Не смееме да го заборавиме ниту подкастот кој го има со својата мајка Шери Никол, кој екслузивно се пренесува на платформата „Spotify“. „Mama knows the best“ како што велат е „интимен и автентичен поглед на нивната врска“, а често даваат совети за врските, семејството и пријателите.

Адисон е и заштитно лице на бројни кампањи, а еден од последните поголеми проекти е токму „Skims“ на Ким Кардашијан, каде ТикТокерката беше едно од заштитните лица.

Огромниот билборд на кој Адисон носи долна облека од познатата ријалити ѕвезда беше поставен во центарот на Њујорк.

И на крајот, кога е заработката во прашање, не смееме да ја заборавиме ниту музичката кариера на младата ТикТокерка.

Во март оваа година, таа го објави својот прв сингл „Obsessed“, а песната засега има над 15 милиони прегледи.

На крајот, може да заклучиме дека едно е сигурно - доколку младата Адисон е волку успешна со само 20 години, само небото е граница за она што можеме да го очекуваме до неа во годините кои следуваат.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: