Имаат само една скромна желба: Браќата Данијел и Јовица чуваат добиток и сами копаат канали за вода за да можат да се искапат

Имаат само една скромна желба: Браќата Данијел и Јовица чуваат добиток и сами копаат канали за вода за да можат да се искапат

Објавена во: Совети // Семејство

Дванаесетгодишниот Данијел и четиринаесетгодинипниот Јовица Миљковиќ се браќа и најдобри другари кои живеат во селото Гризиме кај Косовска Каменица. И покрај фактот дека нивните денови минуваат во рурални работи и чување на добиток, овие две момчиња се насмеани и среќни, бидејќи се имаат еден со друг.

Пред две години останеле без татко, а во куќата живеат со уште 11 членови од семејството. Брзо ги совладале сите земјоделски и сточарски работи, заедно со нивниот брат Дејан ѝ помагаат на својата мајка, се грижат за семејството и сакаат да останат на нивниот имот, а кога тимот на хуманитарната организација „Косовско Поморавље“ им отиде во посета, ги затече како копаат мал канал на ридот над куќата.

Тоа не било дел од игра, туку рутина која децата ја повторуваат неколку пати неделно, за се поврзат цевки и да спроведат вода за капење и перење на алиштата до куќата.

„Јас би сакал велосипед и тој исто“ - истакна едно од момчињата и покажа кон својот брат, кога го прашаа што му е најголема желба.


Овие скромни момчиња, се две од само неколкуте деца во селото, а причината за тоа се лошите услови и недостаток на патишта што било причини за многу семејство во текот на годините да ги напуштат своите домови и да се преселат на друго место. Конфликтот во Косово исто така придонесе за тоа, па сега куќите во ова село се празни, трошни и обраснати со плевел. 


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: