Имал 16 години кога дебатирал во серија: Биковиќ вели дека сега би му удрил шлаканица на тоа момче
Иако сите мислам дека првпат се појавил во филмот „Монтевидео, Бог те видео“, кариерата на овој српски истакнат актер почнала малку порано...
Истакнатиот актер Милош Биковиќ паралелно гради успешна кариера во Србија и Русија.
Првата телевизиска улога ја имала на само 16 години, иако поголемиот број луѓе мислат дека дебатирал на филмот „Монтевидео, Бог те видео“.
Имено, неговата прва телевизиска улога била во серијата „Стижу долари“ во периодот 2004/2005 година и оваа улога била забележана и му донела голема популарност.
Тогаш го глумеше синот на познатиот Драган Хаги Јовановиќ и Бранка Пујиќ, Небојша. Улогата на бестрашниот тинејџер му го отвори патот до ѕвездите, а сѐ останато е историја. Интересна е и фризурата која Биковиќ ја имаше во тоа време и фактот дека за време на снимањето на серијата, косата неколку пати ја фарбал - од црвена па сѐ до виолетова. Милош во една прилика изјави дека би му удрил шлаканица на тоа момче, бидејќи е многу иритантно, како и дека сега, да може да го врати времето, никогаш не би имал таква фризура, па дури ни за потребите на некоја улога.
„Мислам дека доколку знаев дека работите функционираат онака како што функционираат, никогаш не би ме натерале да ја носам таа фризура. Никогаш! Кога се гледам себе на телевизија, на тоа момче би му удрил шлаканица. Многу иритантно дете. Но, тоа беше поентата. Чудно е кога ќе видиш, што не е во ред со момчето, кога има таква фризура“ - го искоментира Биковиќ своевремено својот ангажман во споменатаа серија за домашните медиуми.
Милош потоа се појави и во сериите „Бела лаџа“ и „Вратиче се роде“ која се снимаше во 2008 година. Милош тогаш имаше само 20 години. Актерот го прослави филмот кој следуваше - „Монтевидео, Бог те видео“ од 2010 година, каде го глумеше фудбалерот Тиркет.
Уште една улога која особено беше забележана е онаа во филмот, односно серијата „Кад љубов закасни“, поточно „Самац у браку“, каде глумеше заедно со тогашната девојка, Бранкица Себастијановиќ.
Од момче со „откачена“ фризура, Милош досегна до самите ѕвезди, па така глумеше во многу руски филмови, а стоеше и рамо до рамо со познатиот Антонио Бандерас во филмот „Beyond the Edge“ од 2018 година. Кон крајот на 2019 година, Биковиќ ја доби главната улога во филмот „Слуга“, кој стана најгледан филм во историјата на руското кино.