Го мачкале со кавијар, имал цел спрат за играње, ги уништувал ѕидовите и мебелот: Разгалениот Барон Трамп живее како крал
Мајка му го чува внимателно од светлата на рефлекторите...
Во текот на годините, повеќето деца на Доналд Трамп станаа добро познати, но Барон Трамп и понатаму останува далеку од очите на јавноста, колку што е тоа можно. Најмладиот син на поранешниот претседател Доналд Трамп кај јавноста за првпат го привлече вниманието, доцна во изборната вечер, кога застана зад својот татко на сцената, кога беше прогласена победата на републиканскиот кандидат. Барон, секако, на сцената изгледаше повеќе успано отколку восхитено, што ненамерно ги освои студените срца на Америка, која најмногу се радуваше што изборниот циклус конечно заврши.
Кога неговиот татко ја презеде должноста, Баров воглавно остана надвор од видеокругот на јавноста, но од време на време медиумите успеваа да дознаат многу работи за момчето - принц. За почеток, неговиот живот во познатата кула на Трамп, пред Белата куќа бил незамисливо сладок. Ќе ви кажеме само, дека мајка му му го хидрирала лицето со кавијар, но такво нешто веројатно можевте да си претпоставите.
Дали сте подготвени да дознаете нешто повеќе за оваа млада фигура? Време е да се запознаеме со Барон Трамп.
Барон е единственото дете на Меланија и Доналд Трамп.
Најпрво, треба да се земе рпедвид семејството кое е многу поголемо од вообичаените, благодарение на многубројните деца на Доналд Трамо, кои ги има со трите жени. Барон Трамп, најмладиот од кланот, е само една гранка од семејното стебло кое ги вклучува Иванка, Ерика и Доналд Трамп Јуниор, родени од првата сопруга на Доналд, Иванка Трамп, како и ќерката Тифани, родена од втората сопруга, Марла Мејплс.
Што се однесува до Барон, кој е роден на 20 март 2006 година, тој е единственото дете на Доналд и Меланија Кнаус Трамп, кои се венчаа околу една година пред раѓањето на Барон, во јануари 2005 година. Барон живеел со својата мајка во нивниот стан во „Tramp Tower“ на Петта авенија во Њујорк, додека таткото, како тогаш веќе избран претседател, се пресели во Белата куќа. Меѓутоа, Барон и неговата мајка му се придружија на Доналд во Вашингтон, откако Барон ја заврши годината во престижната и многу скапа Колумбиска гимназија и подготвително училиште, во кое цената за една година е околу 45.000 долари.
фото: ProfimediaБидејќи официјалните настапи на Барон Трамп беа ограничени на традиционалните семејни настани како што прославата за Денот на инаугурацијата и велигденскиот ролат во Белата куќа, изгледа дека Доналд и Меланија имаа намера да ја оддржат традицијата со тоа што ќе ги држат децата подалеку од очите на јавноста.
Во интервјуто за „ABC News“, од октомври 2016 година, Меланија токму тоа го кажа. „Јас го учам, му објаснувам да знае што се случува“ - кажа таа и додаде: „Одлично се носи. Го држам во рамнотежа и - само детството да му биде што е можно понормално. И да ужива во училиштето и во спортот, како сите деца. Тој е прекрасен спортист. И само сакам да има мир - засега нека бдие надвор од центарот на вниманието.“
Изгледа дека тој план е цврсто поставен, бидејќи од „Вашингтон Екаминер“, кој во декември 2018 година објави дека Барон „ретко се појавува во јавноста со своите родители“, токму тоа може да се заклучи. Во разговорот со Шен Хентиј од „Фокс њус“ отприлика во исто време, Меланија кажа дека, иако Барон не живее „нормален живот“ од преселбата на семејството во Вашингтон, тој таму „ужива“. Исто така кажа дека нејзините напори да го „заштити“ од јавноста се потребни за да „му го даде детството кое го заслужува“.
фото: Reuters / Carlos BarriaОткако се пресели во Вашингтон, Барон Трамп официјално стана првото момче кое живеело во Белата куќа во последните скоро 60 години. Да, последен пат кога Америка ималаа „прво момче“ било во далечната 1961 година, кога синот на Џон Ф. Кенеди, ЈФК Јуниор, се вселил во Белата Куќа додека бил бебе.
А, Барон во претседателската резиденција влезе на вистински „трамп“ начин, излезе од хеликоптерот на морнарицата и го прошета тревникот на Белата куќа, носејќи кошула со натпис „Експерт“.
фото: Reuters / Mike SegarВо интервју за „Parenting“, Меланија откри дека просториите на Барон во кулата на Трамп се толку слатки, што тој всушност има цел спрат за себе, заедно со својот личен, дополнителен простор за дизајнирање, како што се вградените „авиони и хеликоптери“ во декорацијата на остатокот од куќата. И не само тоа, туку му било дозволено и да црта по сите ѕидови и мебел, бидејќи „можеме да ги бојадисаме и да купиме нови“, кажа таа. Не е ни чудно што не брзале да се преселат во Белата куќа.
И иако не добил свое крило во резиденцијата, неговиот животен стил не станал полош. Според „Инкуиситру“, Белата куќа има персонал од 100 луѓе кои „знаеле што секој член од семејството Трамп сака, што се однесува до храната, грицките и личните работи“. Сето тоа било набавено за семејството да може да го има во моментот кога пристигнало.
фото: ProfimediaВо интервју за „People“ од септември 2015 година, Доналд и Меланија инсистирале на тоа да немаат помош од дадилка во растењето на Барон. „Сакам да бидам практична“ - кажа Меланија и додаде: „Сметам дека тоа е многу важно. Барон има 9 години. Му треба родител, така што сум постојано со него. Како што знаете, мојот сопруг постојано патува“.
Неколку денови откако интервјуто беше објавено, Доналд за „Њујорк пост“ кажа дека всушност постоела „млада жена“ која „работела со Барон.“. Сепак, до денес, сите извори блиски на семејството ја опишуваат Меланија како „навистина посветена“ на својот син и помногу пожртвувана мајка. Имено, извор близок на семејството за „Пост“ во ноември 2016 кажа дека Меланија често може да се види како го зима Барон од училиште. Истиот извор исто така тврди дека Меланија не се потпирала на помошта од дадилки во растењето на своето дете.
Иако по татко му е Американец, Барон исто така ги наследил и словенечките корени од својата мајка, па е учен и на таа традиција и јазик. Според интервјуто од 2016 година за магазинот „GK“, Меланија откри дека Барон „течно зборува словенечки“. Всушност, тој го зборува јазикот со своите баба и дедо, кои живееле во близина на кулата на Трамп, во времето на интервјуто.
Меланија исто така во 2009 година се пофали во магазинот „People“ дека Барон на само три години, покрај словенечкиот и анфлискиот, зборувал и француски. Но, две години подоцна, за време на настапот во емисијата „The Joy Behar Show“, Меланија кажа: „Барон зборува два јазика потполно совршено. Тој преминува од еден јазик на друг, словенечки/англиски и тоа не му претставува никаков проблем.“
фото: Reuters / Yuri GripasКога Барон имал девет години, Доналд Трамп за „People“ кажа дека неговото најмладо дете, е „многу спортски надарено“, иако бил „во тие години кога само што почнувал да учи“.
За среќа на Барон, неговиот татко има врски. Според „Вашингтон Пост“, фудбалскиот тим од Јуниор лигата „DC United“ ја посетил Белата куќа во април 2017 година, каде на „Барон му предале црно-црвена топка, потпишана од страна на играчите и персонализирана порака за добредојде во Вашингтон.“ Потоа имал „натпревари“ со неколку истакнати членови од тимот, вклучувајќи го и напаѓачот Патрик Малинс, кој кажал дека е импресиониран од страста на младиот Трамп и знаењето за овој спорт.
Во есента 2017 година, Баорн го започнал своето школување во епископското училиште Свети Андреја во Потомак, каде според „Вашингтон Пост“ една година чини околу 40.000 долари. Покрај престижната репутација на училиштето - 100% од неговите дипломци подоцна одат во некоја елитна високообразовна институција. Свети Андреја има голем број на импресивни објекти, вклучувајќи ја двокатната библиотека со околу 14.000 наслови... повеќенамески театар, простор за монтажа, свена и кабина за осветлување/звук, две студиа за визуелни уметности, темна соба, два терени за кошарка, сала за фитнес, студио за танцување и две игралишта за софтбол, бејзбол, лакрос и фудбал.
Според „The 74“ Свети Андреја е „единствениот училишен центар за наука за образување на умот и мозокот во земјата“, што значи дека дел од неговиот наставен план е заснован на „брзо растечко мултидициплинарно поле кое има за цел да ги преведе новите достигнувања во невронауката и психологијата во подобра пракса во училниците“.
Барон е првото дете на Трамп кој го посетува ова училиште, иако има други познати личност, како што е основачот на E-bay, Пјер Омидијар. Можеби, ако Барон ги одигра свотие карти како што треба, еден ден би можел да биде богат како него.
Доколку ви е потребен дополнителен доказ за тоа дека Барон не е типично дете, слушнете го ова: во 2013 година, неговата мајка за „ABC News“ призна дека во тоа време на неговата кожа нанесувала од сопствената линија хидратантни креми со кавијар, откако го завршувал ноќното бањање. „Мириса многу, многу свежи. Го мачкам од глава до петици. И му се допаѓа тоа“ - кажа Меланија за својата линија за нега на кожа „Caviar Complex C6“.
За нивна несреќа, оваа традиција можеби била со краток рок, бидејќи линијата за нега на кожа на Меланија пропадна многу брзо по лансирањето. Но, веруваме дека Меланија пронашла адекватна замена.
Како што би сеочекувало од некој роден во семејство кое тежи милијарда долари, Барон скоро целиот живот се „облекувал“ како за успех. Кога имал само три и пол години носел костим на претставувањето на книгата на својата полусестра Иванка Трамп.
„Тој не е дете за тренерки. Нему не му е проблем да облече костим - но не секој ден - и понекогаш сака да стави вратоврска, како татко му“ - кажа Меланија Трамп во 2013 година. Но, тоа не значи дека Барон не сака малку одобност. Всушност, тој понекогаш својата униформа за на училиште ја комбинира со прилагодени патики „New Balance“, кои наводно чинат 149 долари.
фото: Profimedia