Имала 12 години кога договориле за кого ќе се мажи
Балкиса Чаибу никогаш нема да го заборави денот кога се вратила од училиште, а мајка и ја повикала пред група посетители.
„Ми посочи на еден од нив и ми рече: 'Ќе се омажиш за него'. Прво мислев дека се шегува, но потоа ми рече да одам да ја пуштам и измијам косата. Тогаш сфатив дека е сериозна“.
Балкиса тогаш имала само 12 години, но била амбициозна. Сонувала дека кога ќе порасне ќе биде докторка, а веднаш знаела дека мажењето за братучедот од соседна Нигерија тоа ќе го оневозможи.
„Ми кажа дека доколку се омажам нема да можам да учам. А мојата страст е учењето, тоа навистина го сакам. И тогаш сфатив дека нашата врска нема да функционира.“
Во Нигерија девојчињата мораат да се венчаат млади, па затоа таму е најголем процентот на детски бракови во цел свет. Имено, дури 36% од девојчињата се мажат до 15 години, а останатите 75% до 18 - от роденден.
Оваа традиција потекнува од сиромаштвото, бидејќи колку порано родителите „спасуваат“ од едната ќерка, толку помалку гладни усти престануваат за хранење. Бидејќи родителите на Балкиса имале 5 ќерки, една помалку значело економски осмислена пресметка.
Другата причина за раното венчање се крие во верувањето дека на тој начин ќе се намали бројот на родени деца надвор од брачна заедница.
„Денес некои деца не се добро воспитани, а доколку рано се венчаат, нема да го засрамат семејството“ - објаснува Хадиза Алмахамуд, мајката на Балкиса.
Балкиса сепак продолжила да се труди на училиште, станувала во три наутро за внимателно да учи. Но, како што растела, бракот се повеќе се доближувал.
Еден ден, кога имала 16 години, стигнала венчаницата, цената за невестата и куферите.
„Почувствував длабока болка, навистина ми се скрши срцето, бидејќи знаев дека одвнатре се борам за да го постигнам она што го сакам, а овие луѓе претставуваа препрека на патот до мојата еволуција.“
Балкиса собра храброст и одлучила да проба да го одложи бракот додека не заврши средно образование. Нејзината мајка ја разбрала, но како жена не можела никако да влијае на понатамошните случувања.
Па така, Балкиса го замолила татко и за компромис. Рекла дека ќе се согласи на венчавката, но со сопругот сакала да ги поминува празниците, додека не заврши со школувањето.
Но, традицијата на Туарезите - етничката група на која припаѓа Балкиса и нејзиното семејство - наложува постариот брат да одлучува за иднината на децата на своите полади браќа и сестри. Поради тоа нејзиниот татко не сакал да се спротистави на својот постар брат - таткото на вереникот на Балкиса, па подготовките за венчавката продолжиле.
Потполно очајна, Балкиса за помош се обратила на директорката на своето училиште, која ја упатила до невладината организација која преземала правни чекори против нејзиниот татко и чичко, поради обидот да ја присилат на брак.
На суд, чичкото ги одрекувал обвинувањата и изјавил дека станувало збор за недоразбирање, па случајот бил одбиен.
Но, кога се вратиле дома, тој и се заканил со смрт и рекол дека доколку биде потребно, ќе ја замота во вреќа и ќе ја однесе во Нигерија.
Поради тоа, Балкиса итно побарала помош во женското засолниште кое случајот врзо го пријавил во полиција.
Со оглед на тоа дека им се заканувало апсење, чичкото со остатокот од своето семејство се вратил во Нигерија, а неколку дена подоцна Балкиса се вратила дома.
„Кога повторно ја облеков училишната униформа, чувствував како повторно да се вратив во живот. Како да сум на нов почеток.“
Во меѓувреме нејзините родители ги промениле своите ставови за бракот и одлучиле ниедна ќерка да не ја присилуваат на брак, туку ќе им дозволат да си ги одберат брачните партнери.
Маријама Муса - директорката на засолништето во кое Балкиса побарала помош, изјавила дека семејното насилство е голем проблем во Нигерија, бидејќи децата се присилени на брак и на крајот дома претрпуваат психичко и физичко насилство, а младите сопруги често се тепани и бркани од куќата, дури и кога се бремени, пишува Би - Би - Си.
Балкиса пак во потполност сака да ја искористи оваа втора можност која ја добила и чувствува голема одговорност за семејството, бидејќи знае дека сите сметаат на неа и внимаваат што ќе постигне и направи.
Денес има 19 години и е пример за многу девојки, иако истакнува дека не е во потполност против бракот, туку само против договорените бракови, за кои смета дека девојките би требало да можат да ги одбијат.
Напоменува дека телата на девојчињата помлади од 15 години секако не се подготвени за бременост и дека затоа дури 34% од адолесцентските смртни случаи во Нигерија, одат на листата на морталитет помеѓу младите мајки.
„Затоа ги советувам девојчињата да учат. Знам дека учењето не е лесно и мора да се потрудите, но тоа е вашата единствена надеж.“