Имала 7 години кога ѝ ги ампутирале рацете и нозете: Денес на неа се огледуваат најголемите ѕвезди
Храбра 18-годишна девојка стана инспирација за целиот свет...
Изабел Вил (18) од Велика Британија стана една од највлијателните инфлуенсерки на тема шминкање, а нејзините совети ги следи дури и познатата Худа Катан. Тоа не би било особено интересна вест доколку оваа неверојатна девојка од 7 години не живее со тежок облик на инвалидитет, бидејќи поради болест останала без рацете и нозете.
Сѐ започнало од 2010 година, кога Изабел Вил на само седум години ја започнала борбата со живот. Сето ова било предизвикано од менингитисот, а почнало бенигно, па сите мислеле дека има грип. Изабел го изгубила апетитот, се чувствувала слабо и често паѓала во несвест. Тие симптоми траеле, па родителите на крајот ја однеле во болница, каде им било соопштено дека ќе мораат да ѝ ги ампутираат двете раце и нозе на Изабел, скоро до лактите и колената, само за да ѝ го спасат животот.
„Во болница ми застана срцето, доживеав повеќекратно откажување на органите и паднав во кома. Докторите одлучија да ми ги ампутираат екстремитетите, бидејќи краевите на сите четири изгубиле циркулација, односно биле мртви. Операцијата траеше шест часа“ - се присетува младата девојка.
„Уште два месеци останав во болница. Сѐ ми беше некако замаглено. Се сеќавам дека бев збунета поради целата ситуација, но помислив: „ОК, ова мораше да се случи, одиме понатаму.“ Ми помогна тоа што бев свесна за целата ситуација. Додека ја напуштав болницата никој не знаеше како ќе јадам, пијам, одам и како ќе се грижам за себе. Моите родители не беа сигурни дали ми е потребен некој кој ќе биде со мене секој ден по цел ден и дали би требало да одат во некое специјално училиште. Се вратив во оној свет кој го познавав, но сега сѐ ми беше непознато. Со тоа, немаше никој со кој би можела да се поврзам. Така почнав да споделувам видеа на Јутјуб. Објавував видеа на кои покажувам како го користам телефонот, како јадам, пијам, како ја чешлам косата и правам други секојдневни работи, бидејќи луѓето секогаш го прашуваат тоа“ - вели Изабел. Со текот на времето собрала заедница на луѓе со кои разменувала искуства и со кои меѓусебно се охрабрувале.
„Децата се злобни и често ми зборуваа ужасни работи, иако стоев близу нив и можев сѐ да слушнам. Сега ми е многу полесно. Среќна сум, сигурна во себе и во своите достигнувања. Немојте да ме сфатите погрешно, да се биде четирикратко ампутиран има свои подеми и падови. Но, моето тело е единственото кое некогаш ќе го имам и секако дека го сакам. Зошто тогаш да го трошам животот на тага или несигурност поради нешто што не можам да го променам“ - посочи Изабел, која покрај сѐ успеала дури и како средношколка да стане шампион на трамболина, освојуваќи две британски национални првенства и признанието „Гордост на спортот“.
Дванаесет години по тешката операција, Изабел е врвна шминкерка и многумина велат дека допрва ја очекуваат големи работи во кариерата. Во освојувањето на публиката најмногу ѝ помогна ТикТокот, а тука е и Инстаграмот на кој има скоро половина милион следбеници.
Извор: zena.blic.rs