Имам чувство дека ќе ми треба одмор по овој одмор: Јелена Спенџарска ќе ги носи внуките на летување (ФОТО)

Имам чувство дека ќе ми треба одмор по овој одмор: Јелена Спенџарска ќе ги носи внуките на летување (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Водителката Јелена Спенџарска е едно од најпознатите ТВ лица во нашата држава. Нејзините следбеници на социјалните мрежи имаат можност да ѕирнат и во нејзиниот приватен живот, бидејќи таа често споделува фотографии и видеа со членовите на нејзиното семејство.

Главен акцент во тоа се нејзините внуки - Љубљана и Емона. На нејзиниот профил можат да се најдат многу фотографии на кои поразира со нив, а последните во низата, Јелена ги сподели со многу интересен опис.

Имено, таа откри дека Љубљана и Емона ќе ги носи на првиот одмор за оваа година, а воедно истакна дека по тој одмор, ќе ѝ биде потребен уште еден одмор.

„Тета ќе ги носи на првиот одмор за оваа година. Тешко дека ќе се одмориме, ама дека ќе биде забавно (и дооооста активно) - ЌЕ БИДЕ. Сега кога и малата почна да разбира и тешко да ја излажеш, имам чувство дека ќе ми треба одмор после овој одмор! Броиме ситно“ - напиша водителката покрај фотографиите на кои позира со своите внуки.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: