15 фази на одолговлекување кога не ти се учи!
Колку и да си „бубалица“ и да уживаш во учењето тоа не значи дека понекогаш не ги одолговлекуваш обврските, особено кога знаеш дека до крајот на полугодието нема уште многу време. Не е лесно да се натераш да седнеш и да го загрееш столчето. Еве како изгледаат фазите на одолговлекување пред да се помириш со фактот дека еден ден мора да седнеш и да ги научиш лекциите.
1. Решаваш дека не можеш да учиш додека собата ти е во хаос. „Мора да исчистам! Па, тоа е прво правило пред да почнам да учам!“
2. Почнуваш да чистиш и одеднаш решаваш дека треба да ја селектираш и облеката во плакарот, не само во твојот туку и во плакарот на брат ти или сестра ти.
3. Проверуваш Фејсбук.
4. Проверуваш Инстаграм.
5. Проверуваш Твитер.
6. Ги проверуваш сите можни профили.
7. Проверуваш дури и и-мејл и се прашуваш зошто воопшто го првери.
8. Цел час гледаш сториња на Инстаграм.
9. Почнуваш да им пишуваш на другарите и другарките и добиваш повратни пораки од типот „Не замарај - УЧАМ!“
10. Правиш 125 селфиња со сите можни филтри - не објавуваш ниедно.
11. Почнуваш да објавуваш сториња од учебникот по хемија, тетратките и моливите со хаштази #бубам #стрес #учам.
12. Од толку „учење“ ти се пријаде. Мора да си направиш сендвич.
13. Се гледаш во огледало - време е да се истушираш. Кој учи со мрсна коса?
14. Отвараш Јутјуб и по 2 часа сфаќаш дека си изгледал преку 50 видеа.
15. На крај се обидуваш да заспиеш со учебникот под перница и да се тешиш дека ќе научиш утре пред час.