Имаш пријателка која на сите им додева со поранешното момче? Една девојка смислила супер „казна“

Имаш пријателка која на сите им додева со поранешното момче? Една девојка смислила супер „казна“

Објавена во: Совети // Другарство

Сигурно сме дека ќе ѝ ја украдете идејата...

Како нечија иритантна навика да ја претвориш во корисна работа? Една девојка добила супер идеја која и ти може да ѝ ја украдеш доколку имаш пријателка која ве убива во поим, бидејќи постојано го споменува поранешното момче или она што не ја сака.

Или те убива во поим со спомнувањето на Хари Стајлс или било што друго! Иако таа е ваша пријателка, понекогаш знае да биде навистина напорна. Ако ова ви е добро позната ситуација, тогаш ќе ви се допадне идејата како да ја „казните“ и да ја одвикнете од неа, а во исто време ќе направите нешто одлично. 

Една девојка на ТикТок сподели видео во кое објасни дека има пријателка која цело време спомнува едно момче (претпоставуваме дека ѝ е поранешно) и тоа почнало да ѝ пречи, бидејќи знае дека ни за неа не е добро толку многу да зборува за него. За да ѝ одржи лекции, ја терала да прави по 10 склекови секој пат кога ќе ја спомне таа личност. Како и да се, без разлика дали во продавница или на забава, нема врска, исклучок нема никаде.

@tessaleetambour she’ll learn eventually  @coraleemcdonnell powerful - favsoundds

Луѓето во коментари пишуваа дека со текот на времето почнала подобро да ги прави склековите. А, забележиле промена и во нејзиниот изглед. Иако тоа сигурно не е само резултат на склековите. Во секој случај, сите се согласуваат дека ова е одлична идеја и дека ќе почнат да ја применуваат кај своите пријатели. 

фото: ТикТок / Unsplash

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: