Имаш проблем да одбереш очила за сонце: Еве кои модели најдобро ќе ти стојат според обликот на лицето
Летото и официјално е тука, а со него време е да се замени пролетната облека со летна...
Освен маиците на кратки ракави, кратките панталони и фустани, кои се неизоставен дел од летната облека, тука се и очилата за сонце. Одбирањето на вистинскиот модел знае да биде макотрпен, но затоа познатите ѕвезди се тука за да не испирираат.
Џенифер Лопез, Лизо и Криси Тајген обожуваат „оверсајз“ очила! Токму тој облик на очила одлично стои на нивниот дијамнтски облик на лице, нагласувајќи им ги очите и правејќи им ги јаболкниците понежни. На фотографиите често носат очила од брендот „Quay“, но слични модели може да пронајдете и по поволни цени.
На неизбежниот класик - „Рејбан“, не можеше да одолее ни Тејлор Свифт, Никол Ричи и Рис Витерспун. Додека Тејлор и Рис се одлучија за формата „Wayfarer“ која совршено одговара со овалната форма на нивното лице и со тоа ја одржува „идеалната пропорционалност“, Никол Ричи се одлучи за препознатливата форма на „авијатичар“ која има поголема длабочина од ширина и затоа нејзиното беспрекорно лице изгледа пократко и уште повеќе пропорционално.
Очилата со мали димензии се апсолутен хит помеѓу познатите! Без разлика дали ги носите како моден додаток кој ја надополнува модната комбинација или ги носите за да го нагласите обликот на лцието, сигурно нема да погрешите во изборот на овој модел.
Актерките Ема Робертс, Луси Хале и Дакота Џонсон за летото одбраа модели инспирирани од калифорнискиот „вајб“. Тие модели совршено одговараат на огликот на нивното лице, но исто така и со секоја модна комбинација.
Без сомнеж, не може да погрешите во изборот на очила за сонце. Но, доколку сакате да одберете модел кој најдобро ќе одговара на вашиот облик на лице, можеби фотографијата во продолжение ќе помогне:
фото: Studio Lucky/Shutterstock / Инстаграм