Имаше 9 деца со 5 жени: Вељко и Анастасија се најмлади, а еве кои се останатите наследници на покојниот Аркан
Од двата брака доби шест деца, четири од првиот брак со Наталија Мартиновиќ, а две со Светлана Цеца Ражнатовиќ. Три деца му се од вонбранчните врски...
Жеjко Ражнатовиќ Аркан, кој беше убиен пред скоро две децении во Интерконтинентал, имаше девет деца со пет жени.
Шест деца имал од двата брака, четири од првиот брак со Наталија Мартиновиќ и две од Светлана Цеца Ражнатовиќ. Другите три деца му се од вонбрачни врски.
Во бракот со Наталија ги доби близнаците Војин и Никола, Милена и Маша. Трите деца од вонбрачни врски се Михајло, Софија и Анџела, додека Вељко и Анастасија се од бракот со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Четирите деца на Аркан од бракот со Наталија не го носат неговото презиме Ражнатовиќ - Војин, Никола, Милена и Маша се презиваат Мартиновиќ.
Војин и неговиот брат близнак Никола студирале глума и работеле во клубови во Лос Анџелес, Лас Вегас и Палм Спрингс. Пред неколку години Војин ја доби ќерката Миа со со неговата избраничка Барбара Ванг.
Неговата сестра Маша ги заврши студиите и се вработи во Њујорк.
Милена Мартиновиќ дипломирала филмска режија на Универзитетот во Калифорнија, но извесно време студирала и во Атина. Во моментов живее во Њу Орлеанс.
Братот близнак на Војин со години не живее во Србија, а познат е по тоа што е главен модел во видеото на Цеца „Неваљала“ од 1998 година.
Михајло е најстариот син на Жеjко Ражнатовиќ Аркан. Михајло го роди Агнета од Гетеборг во времето кога Аркан беше во Шведска во седумдесеттите години и тој многу личи на неговиот покоен татко.
Со актерката Љиљана Мијатовиќ, Аркан ја доби ќерката Анџела. Таа сега има 38 години и дипломирала на Богословскиот факултет, а неодамна објави и стихозбирка. Во младоста се забавувала со Кристијан Голубовиќ.
Ќерката Софија е дете на социјалната работничка која се грижеше за Аркан во белгискиот затвор. Софија сега живее во Брисел. За првпат го виде својот татко на екраните, кога Аркан стана познат низ целиот свет во 1991 година. Софија е родена во 1979 година, а самиот Аркан дури во 1994 година откри дека има ќерка во Белгија.
Вељко и Анастасија Ражнатовиќ ги доби со неговата сопруга Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Вељко, роден на 10 декември 1996 година, студираше во Бања Лука, а денес професионално се занимава со бокс.
Анастасија е најмладата ќерка на Аркан. Таа имала само година и пол кога го убија Жељко. Анастасија често, како и нејзиниот брат, објавува фотографии и статуси посветени на својот татко на социјалните мрежи.