Имаше само 20 години: Почина младата ѕвезда на Дизни!
Младата актерска ѕвезда Камерон Бојс почина во саботата во раните утрински часови на 20 години, јавуваат американските медиуми. „Со неизречива тага во срцата јавуваме дека утрово го загубивме Камерон“, напиша во изјавата потпаролот на семејството Бојс за ABC News.
„Почина во сон од напад предизвикан од неговата здравствена состојба. Светот денес остана без една од најсјајните ѕвезди, но неговиот дух ќе живее низ добрината и сочувството на они кои го познаваа и сака. Нашите срца се скршени и затоа ве молиме зза приватност во овие нев еројатно тешки времиња на тага за нашиот прекрасен син и брат“ - стои во изјавата.
Камерон се прослави како Џеси на Дизни Каналот во филмовите Descendants. Третото продолжение на филмот би требало да излезе во август оваа година. Исто така го позајми гласот за Џејк во анимираниот филм Jake and the Never Land Piratesseries.