Имаше само 22 години: Цел свет се простува од трагично загинатиот јутјубер, а пријателите му порачуваат дека ќе се видат во следниот живот

Имаше само 22 години: Цел свет се простува од трагично загинатиот јутјубер, а пријателите му порачуваат дека ќе се видат во следниот живот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

22-годишниот јутјубер и скејтбордер Џош Њуман загина во авионска несреќа...

За „Associated Press“, властите изјавија дека јутјуберот и скејтбордер Џош Њуман е една од четирите личности кои починаа откако авион се урнал во езеро на Исланд. Имаше само 22 години.

Њуман патувал заедно со менаџерот Тим Алингс (27), колегата авантурист и инфлуенсер Никол Белавиа (32) и пилотот Харалдур Дијего (49), а нивната работна задача била да креираат комерцијална содржина за брендот облека „Suspicious Antwerp“.

Сите биле неверојатно возбудени поради патувањето, а фокусот им бил на природните убавини на Исланд.

Авионот од радарот исчезнал во четвртокот, на 3 февруари и не испратил сигнал за помош, што навело повеќе од 1000 членови на исландскиот тим да тргнат во потрага.

Пронајден е во дел од исландското езеро Thingvallavatn, кое се наоѓало на околу 30 милји источно од главниот град Рејкјавик, а четирите тела за кои се верува дека биле на Њуман, Алингс, Белавиа и Диего се пронајдени во неделата, на 6 февруари.

Во изјавата објавена на Инстаграм, семејството на Џош Њуман вети дека ќе основа добротворна фондација во негов спомен.

„Џош ја претставува страна на човештвото која сите ние се стремиме да ја постигнеме“ - напишале неговите родители и брат.

„Начинот на кој не само што допираше, туку и влијаеше на животите беше посебен. Во својата потрага за авантура, жед за креативност и страст за посебно размислување, тој навистина влијаеше на сите оние кои ги познаваше. Џош веруваше дека во овој свет и знаеше дека како личност може да направи разлика. И тој го направи тоа.

Добро е да се знае дека го напушти светот работејќи го она што го сака.“

Многубројни пријатели и понатаму се простуваат од него на официјалната страница.

„Ти и твоето семјество сте во моите молитви Џош. Знам дека се дружевме само неколку пати, но твоето присуство беше нешто што сакав да го имам околу себе. Ми недостасуваш. Ќе се видиме во следниот живот“ - напиша еден негов следбеник.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: