Името за бебето го избира таткото: Луна Џогани сонува да стане мајка на момче, а еве како се справува со втората бременост

Името за бебето го избира таткото: Луна Џогани сонува да стане мајка на момче, а еве како се справува со втората бременост

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Поранешната ријалити учесничка и Јутјуберка Луна Џогани неодамна објави дека повторно ќе стане мајка, а сега ги откри и деталите од бременоста.

Таа наскоро ќе добие уште едно дете со сопругот Марко Миљковиќ. Парот неодамна им соопшти на своите обожаватели дека чекаат второ бебе, а вчера во „Амиџи шоу“ Луна раскажа како ѝ оди втората бременост.

- Многу понормална, помирна сум кога сум бремена. Кога не сум, јас сум „драма кралица“, хистерија... Луѓето ми велат дека сум слатка, фина. Мирисите ме мачат, тоа го забележав, не јадам месо, не јадев ни во првата бременост. Чувствував мачнина, така сфатив дека нешто се случува – изјави таа.


Марко и Луна веќе имаат ќерка, која го носи името Миа, а среќната мама истакнува дека за името за второто дете ќе одлучи нејзиниот сопруг.

- Го оставив Бог да одлучи, не сакав да се оптоварувам. Веројатно ќе биде во јуни како и Миа. Не е дека темпиравме... Би сакала да имам син, Миа е иста како тато ѝ, јас сакам мамин син. Имам неколку имиња, но Марко ќе го оставам да одлучи, што и да каже ќе бидам задоволна – истакна таа.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: