Импресивно: Момче од Гостивар доби златен тастер на „Суперталент“ во Хрватска (ВИДЕО)

Импресивно: Момче од Гостивар доби златен тастер на „Суперталент“ во Хрватска (ВИДЕО)

Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Анди Исмаили е 14-годишно момче од Гостивар кое доби златен тастер во „Суперталент“ во Хрватска. 

Тој почнал да танцува пред 6 години откако дома изведувал импровизирани движења и се запишал на танц со својот братучед. Тој танцува речиси секој ден по 6 часа и сè во неговиот живот се врти околу танцувањето, дури и слободното време. Љубовта кон танцот ја опишува како чувство на слобода, тоа е неговото безбедно место од кое црпи најголема самодоверба.

Освоил титула светски првак во категоријата џез, но никогаш не очекувал да биде толку успешен. Неговиот сон е да стигне до Холивуд, но освен во танцување, таму би се обидел и со глума. Тој сака да им покаже на сите дека момче од мал град може да успее на светската сцена.


„Доаѓам од Македонија. Живеам во Гостивар и танцувам. Танцувањето е мојата страст. Имам 14 години. Татко ми студирал во Хрватска, таму поминал половина живот. Ги следеше емисиите на „Суперталент“, ги гледаше епизодите и ме праша зошто не би се пријавил“, вели ова момче.

По неверојатниот настап во кој ја покажа својата флексибилност и страст за танцот, жирито стана и му аплаудираше, а доби и златен тастер од Мартина.

„Беше навистина волшебно и убаво, многу ми се допаѓаат твоите пируети, свиоци, технички одлично го изведе, музички си, претставителен и знаеш да танцуваш. Ова беше одлично за мене“, прокоментира Давор.



Објавена во: Музика, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: