Индекс затвори - срце отвори: Александра Јанева дипломираше на стоматолошкиот факултет во Скопје

Индекс затвори - срце отвори: Александра Јанева дипломираше на стоматолошкиот факултет во Скопје

Објавена во: Совети // School zone

Со својот албум „Срце отвори“ и индексот во рака, пејачката Александра Јанева со своите пријатели и следбеници сподели дека ставила крај на една етапа од животот. Имено, таа денес дипломираше на стоматолошкиот факултет во Скопје.

„Индекс затвори - срце отвори“ - напиша во описот на фотографијата. 


Дали ова значи дека наскоро ќе може да ја видиме во некоја стомалошка ординација, каде што ќе работи како стоматолог, останува да ни открие самата во иднина.

Инаку, Александра е кралица на балидите, а во една прилика за Хаштаг откри каква музика слуша приватно:

„Не можам да кажам дали повеќе слушам балади или брзи, динамични песни. Сакам да слушам добри песни, без оглед на динамиката. Обично наутро, штом видам сончев зрак или чисто небо сакам да слушнам ведра мелодија. Кога сонцето заоѓа или пак, денот е тмурен и сакам да се одморам и препуштам на мислите, тогаш вклучувам плејлиста со балади.“


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: