Индонезиските радио станици забранија објавување на песни од Гранде, Марс и други изведувачи: Непристојните текстови се причина за тоа

Индонезиските радио станици забранија објавување на песни од Гранде, Марс и други изведувачи: Непристојните текстови се причина за тоа

Објавена во: Stars // Музика

Во многу земји ширум светот постојат одредени правила за поединечни работи кои можеби се сосема вообичаени на други место. Па така, во Норвешка голем број на ТикТок ѕвезди го имаа прекршено законот за маркетинг и поради тоа ги сносеа последиците, а во Кина го забранија прикажувањето на Лејди Гага, Џастин Бибер и групата БТС во новата епизода од серијата „Пријатели“ затоа што во минатото направиле некои прекршоци поврзани со КИна. Сега индонезиска радио станица забранува емитување на многу песни на нивното радио преку ден, а помеѓу нив се песните на Ариана Гранде, Бруно Марс, Лил Нес Икс.

Целата листа содржи дури 42 песни во кои наводно не е дозволено да се пуштаат пред 10 часот попладне. Листата се состои од поп песни од САД и Велика Британија, а исто така ги вклучува и Џеј Зи, Карди Би и Аврил Лавињ.

„Па што има во овие 42 песни? На пример, содржат зборови за насилство или алудираат на сексуалност. Ова се препишува на законот број 32 од Кодексот на однесување и радиодифузните стандарди, кој вели дека радиодифузијата е во интерес на националниот интегритет да создаде карактер и идентитет на нација која верна и побожна“ - кажа Адијана Сламет, раководителката на „West Java KPI“.

Во продолжение може да погледнете за кои песни станува збор:



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: