Инспириран од инспектор Мамли скокнав со чадор од тераса: Актерот Зафирчев за детството

Инспириран од инспектор Мамли скокнав со чадор од тераса: Актерот Зафирчев за детството

Помладата публика го препознава по улогата на Марио, која ја игра во серијата „Преспав“, но Васил Зафирчев е актер со големо искуство. Во едно неодамнешно интервју за Женски магазин тој откри интересни детали за себе, а особен акцент стави на неговото детство.

„Имав убаво, спокојно и безгрижно детство во родниот Велес, кој во тоа време беше еден од најуспешните и најпросперитетните индустриски развиени градови во тогашна Југославија. Наследив добро домашно воспитување од родителите и семејството и смерници за вистинските вредности во животот. Во најубаво сеќавање ги имам бескрајните детски игри низ велешките маала, во Дворови, на Мегдан или Црна Џамија, возбудливите авантури на Вршник и Костурница, возењето со велосипед до Езерото Младост, пливањето на Вардар или пак по вировите на Бабуна и Тополка, дружењата со врсниците од другите градови низ детските летувалишта и зимувалишта во Македонија, како и долгите летни одмори со родителите на Јадранот на кои запознав пријатели од цела Европа, а со дел од нив и денес одржувам комуникација.“ - носталгично раскажа тој.

Исто така, истакна дека бил многу хиперактивно и темпераментно дете желно за игра и нова авантура. Од најраното детство, па се до тинејџерските години имал многу интересни случки за раскажување, а со читателите одлучи да сподели неколку.

„Еднаш како помал скокнав со чадор од терасата на нашата семејна куќа, инспириран од фантастичниот лик на инспектор Мамли од цртаниот филм. Подоцна, при една од посетите на баба ми и дедо ми по мајка во Штип, пропаднав во реката лизгајќи се со кнки по мразот. Па сè до првата мала сообраќајна незгода со мотор во најлудите тинејџерски денови.“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА - Бев одличен ученик со намалено поведение: Актерката Весна Гаврил за детството

Можеби ќе ве интересира: