Инстаграм буквално експлодираше: Над 4 милиони луѓе го заследија за рекордно време, сето тоа поради серијата „Бриџтон“

Инстаграм буквално експлодираше: Над 4 милиони луѓе го заследија за рекордно време, сето тоа поради серијата „Бриџтон“

Објавена во: Stars // Филм

Дали ја изгледавте хит серијата која го освои светот?

По неверојатниот успех на серијата „Бриџтон“, нема кој не забележа дека познатиот актер Реге Жан Пејџ за кратко време дојде до 4,6 милиони следбеници на Инстаграм.

Реге Жан Пејџ кој го глуми ликот на Сајмон Басет, војводата од Хастингс е еден од главните ликови во серијата, а жените ширум светот преку ноќ „полудеа“ за згодниот актер.

Сцената во која има односи со колешката предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а Пејџ им откри на странските медиуми колку му било непријатно да снима експлицитни сцени, имајќи предвид дека неговиот татко е свештеник, а неговата мајка е медицинска сестра од Зимбабве.

„Во група на WhatsApp, го предупредив целото семејство за петтата епизода, но заборавив на една братучетка... Одеднаш почнав да добивам пораки од неа. Во една од нив пишуваше: „Многу пати за време на гледање морав да одам во кујна и да готвам, но кога се вратив, сцената сè уште траеше. Повторно морав да зовривам вода“ - изјави актерот во шоуто на Џими Фалон. Се претпоставува дека Пејџ би можел да биде наследникот на Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд и Џејмс Нортон.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: