Инстаграм сака да ги поттикне корисниците повторно да ги споделуваат своите стари сториња: Еве што е „Memory“

Инстаграм сака да ги поттикне корисниците повторно да ги споделуваат своите стари сториња: Еве што е „Memory“

„Memory“ моментално е во фаза на тестирање и на сугестивен начин ги потсетува корисниците на веќе постоечката опција „архивирање“...

Инстаграм ја тестира новата функција, која има цел на корисниците да им даде директен поттик за повторно да ги споделуваат своите сториња, по примерот на опцијата на Фејсбук „On this day“, кое доведе до поголемо ангжарање на социјалната мрежа.

Информацијата за тоа ја сподели Џек Хорвуд на Твитер, каде може да се види и новата опцијата „Memory“. Со клик на таа функција ќе се прикажат сторињата кои биле објавени околу тој датум.


Инстаграм посочува дека наводно забележиле пад од 10% во однос на претходната година, известува „SocialMediaToday“, бидејќи корисниците повеќе се фокусираат на видео содржините како што се Reels, кои бележат зголемен ангажман.

фото: Принтскрин / Твитер

Можеби ќе ве интересира: