Интересни факти: 4 факти за смеењето поради кои ќе се смееш повеќе!

Интересни факти: 4 факти за смеењето поради кои ќе се смееш повеќе!

Кој не сака да се изнасмее убаво, без разлика дали гледа некоја комедија, видео на youtube или едноставно си кажува вицеви со пријателите?

Уште многу одамна лекарите утврдиле дека смеењето е лековито и дека делува позитивно на нашата психа. Смеењето знае да биде и „заразно“, а тоа сигурно сте го доживеале повеќе пати.

Сево ова сигурно ви е познато, но ова се 4 факти за смеењето, кои сигурно не сте ги знаеле:

# Некои истражувања покажале дека децата се смеат околу стотина пати на ден, додека возрасните тоа го прават само 15 - тина пати.

# Вилијам Фрај, кој се занимава со истражување на смеењето, вели дека ритамот кој неговото срце го постигнува по 10 минутно веслање, го добива со само 1 минута силно смеење. 

# Тајланѓанката Џитарат Вонгсомбон на едно натпреварување во смеење се смеела 12 минути и 26 секунди, а нејзиниот највисок степен на смеење изнесувал 110 децибели.

# Смеењето кај бебињата се развива уште во третиот месец од животот. Има ли нешто послатко од тоа кога бебето се смее гласно?

Можеби ќе ве интересира: