Интернетот буквално ја менува структурата на мозокот!
Колку време поминуваш на интернет? Еве што кажуваат научниците за ова!
Голем број научници истражуваат како интернетот влијае на мозокот. Резултатите покажуваат дека онлајн стилот на живеење влијае на деловите на мозокот кои се задолжени за внимание, помнење и друштвени вештини, јавува IFLScience.
Една од студиите покажа дека луѓето кои постојано го проверуваат својот мобилен имаат намалена сива материја. Со самото тоа, потешко ги завршуваат работите за кои е потребно внимание и концентрација.
Исто така, научниците велат дека премногу се потпираме на интернетот како извор на информации па така послабо се сеќаваме на информациите кои сме ги пронашле на интернет, отколку оние во книгите.
Освен тоа, велат дека и социјалните мрежи може да влијаат на нашиот мозок. Претходно луѓето имале мал куг блиски пријатели, а сега тој круг се проширува, а односите се повеќе површни отколку што биле.
Иако студиите не може со сигурност да ги потврдат овие работи, она што го докажаа е дека користењето на интернетот влијае на мозокот. Поточно, што повеќе време поминуваме онлајн, толку когнитивната функција на нашиот мозок се менува.