Интерно ширење на вирусот во училиштата нема: Министерката Царовска уште еднаш го потврди датумот за старт на зимскиот распуст

Интерно ширење на вирусот во училиштата нема: Министерката Царовска уште еднаш го потврди датумот за старт на зимскиот распуст

Објавена во: Совети // School zone

На денешната прес конференција, министерката за образавание и наука, Мила Царовска уште еднаш го потврди датумот на старт на зимскиот распуст. Според неа нема никакви аргументи од опозицијата кои би го оправдале стартувањето на зимскиот распуст на 15 декември.

„Во моментов активни ученици со физичко присуство се 79, што е 0,06 проценти од вкупниот број ученици, и 148 наставници до вчера, што е помалку од 1 процент од вкупниот број наставници во нашата држава. Ова се факти кои зборуваат дека интерно ширење на вирусот во училиштата нема, дека образовниот систем е стабилен и училиштата ги почитуваат мерките и здравствените протоколи. Токму затоа продолжуваме да го спроведуваме Планот од Владата за учебната 2020/2021, според кој второто полугодие ќе почне на 21 јануари, а на крајот на годинава ќе заврши првото полугодие“ - посочи министерката Царовска.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: