Ирина и Бредли се разделуваат, а Гага проговори за својот поранешен вереник!
Иако одлучија да поработат на својата врска, најмногу поради својата ќеркичка, изворите сега тврдат дека не им оди баш најдобро. Иако се од заедно од 2015 година, во јавноста ретко кажуваат детали за врската.
Ирина, како силна жена ги издржи сите натписи во медиумите за наводната романса на Бредли и Гага, но изгледа дека на крајот целиот притисок сепак се одрази на нивниот однос.
Наводно Бредли и Лејди Гага не се дружеле од доделувањето на престижните награди. Значи ли тоа дека сепак помеѓу двата актери нешто се случило?
А, додека сите зборуваат за врската на Бредли и Ирина, Гага на својот концерт прв пат по разделбата проговири за поранешниот вереник. Ја пееше песната „Someone to watch over me“ и рече „Поседен пат кога ја пеев оваа песна имав врстен на рака, па овој пат ќе биде поинаку“.