Исчезнати српски јутјуберки кои биле во кавга со Бака Прасе: Таткото откри страшни детали
Во краток лајв објасни дека ги нема сопругата Тина, децата Ангеѓа и Наѓа, како и братучетката Марија која живее со нив
Сите следбеници на балканската „Јутјуб“ сцена ги вознемири веста дека Зоран Ѓорѓевиќ, таткото на познатите српски јутјуберки Анѓела и Наѓа, синоќа објавил дека неговите ќерки исчезнале во Франција.
Тој во краток „лајв“ објасни дека ги нема сопругата Тина, децата Анѓела и Наѓа, како и нивната братучетка Марија која живее со нив.
Рече дека се исчезнати од понеделникот попладне, а телефоните на сите им биле исклучени. Тоа го докажа со тоа што им се јави за време на снимањето, а во полицијата може да ја контактира дури по 48 часа бидејќи тоа е правило во Франција.
Зоран ги замоли сите луѓе кои нешто знаат да контактираат со него на Инстаграм, и ги извести сите дека ова не е „шега“ бидејќи, како што вели, никогаш не би се пошегувал на ваков начин.
- Анѓела како што знаете е во Париз и од 16 часот ѝ се губи секоја трага. Чичко ѝ ја донесе вчера. Таа требаше да оди во живо во 7:30. Јас ѝ се јавив во 06:20 и оттогаш не ми се јави. Тина во 6 часот излегла со Марија да го прошетаат кучето. Од 18 часот, а сега е веќе единаесет и пол, никогаш не се случило 4 ипол часа да го шетаат кучето. Наѓа требаше да заврши со магистратура во 8 часот, но не се јави. Веќе ѝ се јавив во 8 часот и 3 минути. Не знам што да правам – истакна Зоран, а потоа додаде:
- Ако некој знае нешто од Инстаграм или ТикТок, ве молам контактирајте ме. Не знам со што има ова врска, не сакам никого да обвинувам. Едноставно, ми ги нема децата – заклучи загрижениот татко на девојчињата.
Да потсетиме, Анѓела и Наѓа се девојки од Пожаревац, кои живеат во Париз и кои доминираат во балканската „Јутјуб“ заедница, а нивниот успех дојде со вртоглаво темпо. Судејќи според веб-страницата „socialblade.com“, месечно од „YouTube“ собираат најмалку 5.000 долари.
Тие се најдоа во центарот на вниманието кога ја објавија песната „Ола Оле“, за која Бака Прасе во својот спот рече дека „има толку многу „аутотјун“ што и самиот програм се расипал“.
Извор: www.blic.rs