Искрена порака од ќерка на просветен работник: Бидите трпеливи со наставниците
Деновиве актуелна тема е новата учебна година, чиј старт кај нас се одложи за на 1 октомври. Одлуката која ја донесоа надлежните органи е дека учениците од прво до трето одделение наставата ќе може да ја следат во училишните клупи, а сите останати ученици онлајн.
Поради ова Сојузот на средношколци, вчера попладне организираше протест на кој се потрудија да им доловат на надлежните институции дека учениците сакаат настава во живо.
За разлика од кај нас, во многу држави ширум светот учебната година започна, а бидејќи школството и таму е главна тема, Твитер е преполн со твитови поврзани со образованието. Така една младата девојка со својот твит собра над милион лајкови, но и над 200 илјади ретвитнувања.
Имено, нејзиниот татко е наставник и таа се обиде да им посочи на младите, но и нивните родители дека и наставниците во овој момент се соочуваат со голем предизвик.
To students starting school today,
— ny (@nyla_danae) August 17, 2020
Please be nice to your teachers. My dad is 53 years old, and not a whiz w technology. He’s called me EVERY day, attempting to practice because he’s so nervous and wants what’s best for his students.
Please be patient with them. They’re trying.
„До сите ученици, ве молам бидете добри со наставниците. Мојот татко има 53 години и на се снаоѓа најдобро со технологијата. Секој ден ми ѕвони и ми поставува различни прашања, многу е нервозен, а сака да го направи најдоброто за учениците. Ве молам, бидете трпеливи. Сите наставници навистина се трудат.“ - напиша младата девојка на Твитер.