Искрена рецензија за брендот на Ким Кардашијан за секунда стана вирална: Ми ветуваа облини, а во него изгледа како Вини Пу

Искрена рецензија за брендот на Ким Кардашијан за секунда стана вирална: Ми ветуваа облини, а во него изгледа како Вини Пу

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Корисничка на социјалната мрежа ТикТок е повеќе од разочарана од резултатите...

Ким Кардашијан се впушти во дизајнерски води и неодамна го основа брендот „Skims“, кој првенствено имаше линија корсети, а подоцна и долна облека. Урнебесната, реалната и навистина искрената рецензија на една ТикТокерка која целата своја надеж ја доверила на корсетите на брендот „SKIMS“, собра над 8 милиони прегледи за само неколку дена. Девојката која стои зад објавата се вика Адрија Бариќ, која на ТикТок се претставува како мала Италијанка полна со забава, веќе некое време создава смешни видеа на ТикТок, а многу жени се поистоветија со ова и ѝ дадоа поддршка.

„Ова е за Ким Кардашијан и само за Ким Кардашијан“ - со овие зборови го започнува своето видео, покажувајќи се облечена во долна облека за обликување на телото од брендот „Skims“. „Што е ова? Мислев дека „Skims“ се дизајнирани да ги истакнуваат моите облини. Изгледам како Вини Пу, кој носи два броја помала долна облека“ - продолжи Адрија на шега, на сметка на овој бренд, очигледно незадоволна од резултатите.

@adriabarich

since no one said it: #fyp #foryou #BoseAllOut #skims #shapewear #bodypositivity @skims  @skimsbykimkardashian  @kimkardashian.westt

Rasputin (7" Version) - Boney M.

Видеото веднаш собра над 14.000 коментари од луѓе кои се смееја заедно со неа. Многумина се идентификуваа со целата ситуација, додека некои коментираа дека е многу можно Адрија едноставно да направила грешка при изборот на големината при купувањето.

Секако, тонот и описот на нејзиното видео јасно потенцира како таа само се шегува на своја сметка. Но, повеќето луѓе што го погледнаа и што самите биле оштетени, се согласија дека проблемот дефинитивно не е во тоа.

„Може ли некој да ми објасни зошто обичните хеланки ми даваат подобар облик од „Skims“?“ - продолжи Адрија во следното видео, очигледно охрабрена од успехот на претходното видео, со кое ги освои симпатиите на многу корисници на оваа социјална мрежа.

@adriabarich

Reply to @terenmoshier  ok I know my size was too small but I bought the size that the site told me I was!!!! #SKIMS #FYP #BoseAllOut #LOL

original sound - Adria Barich

фото: Youtube

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: