ИСТ ГЕЈТ МОЛ ГО ОБЈАВУВА КОЛОР РАН (KOLORRUN) 2022

ИСТ ГЕЈТ МОЛ ГО ОБЈАВУВА КОЛОР РАН (KOLORRUN) 2022

Објавена во: После „Школо“ // PR

Ист Гејт Мол и атлетскиот клуб KORRUNNERS од Скопје за сите љубители на спортот организираат КОЛОР РАН 2022, во Скопје на 18 Септември 20022, која ќе се одвива на патеката долж реката Вардар.

Трката која носи динамичен назив – KOLORRUN, ќе биде атлетско уживање на професионална стаза од 10км, на рекреативна стаза од 2,5км која е одлична за тим билдинг, како и детска трка од 500 метри која е новитет во која се вклучуваат и најмалите со забавна трка, градејќи притоа здрава култура на спортување уште од мали нозе со родителите. 

KOLORRUN ќе се одвива на потегот долж реката Вардар, кој има најубава свежина и симболика за трчањето во Скопје.

Стартот на трката ќе биде пред Ист Гејт Мол, а финишот ќе биде со трчање низ самиот центар кој дава уникатна маестралност. За сите учесници, тркачи и публика следи голема забава со диџеј, многу дружење со лотарија и вредни награди во амфитеатарот на Ист Гејт Мол.

Скопје Ист Гејт е општествено одговорна компанија чија мисија е да го унапредува стандардот на живеење, работење. Една од овие компоненти е мотивацијата за спортување и градењето на здрави навики кај луѓето. Ист Гејт Мол се јавува во улога на ко-организатор на КОЛОР РАН, која ќе прерасне во традиционална трка каде ќе може да учествуваат професионалци, рекреативци како и целото семејство.

Пријавување и повеќе детали за трката, се на овој линк:

https://eastgatemall.mk/event/kolorrun-2022-powered-by-east-gate-mall/

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: